Примена на методот на факторска анализа во проект ревитализација на уличнотo осветление во општина Кочани

Atanasova-Pacemska, Tatjana and Sarac, Vasilija and Runcev, Kostadin (2014) Примена на методот на факторска анализа во проект ревитализација на уличнотo осветление во општина Кочани. In: Меѓународно советување Енергетика 2014, Oct 2014, Struga, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Pacemska-Sarac-Runcev-full.pdf

Download (291Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
PROGRAMME Struga 2014.pdf

Download (479Kb) | Preview

Abstract

Методот на анализа на променливите кој се користи за опис на меѓусебните зависности на голем број на променливи, поврзани помеѓу себе и под влијание на различни фактори се нарекува факторска анализа. За истражувачки цели се користат многубројни тестови со голем број на прашања и факторската анализа се извршува врз основа на добиените резултати и се стреми кон намалување на бројот на променливите во случај кога тие се преклопуваат или имаат исто значење или однесување. Во овој труд, факторската анализа е имплементирана на проект на модернизација на системот на осветлување во општина Кочани, Р. Македонија со цел да се добие комплексна студија на сите релевантни фактори кои имаат влијание на намалувањето на трошоците, подобрувањето на квалитетот на системот на осветлување и нивната меѓусебна зависност. Факторската анализа е извршена во софтверскиот програм Minitab кој е применет на три различни сценарија на системот за модернизација на осветлувањето. Во сите три сценарија се разгледуваат шест променливи во однос на различни фактори кои имаат силно влијание врз нив a последователно и врз системот на уличното осветлување во однос на трошоците, рентабилноста и квалитетот. Врз основа на добиените вредности на корелационите фактори се изведени соодветни заклучоци.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vasilija Sarac
Date Deposited: 20 Oct 2014 10:55
Last Modified: 20 Oct 2014 10:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11164

Actions (login required)

View Item View Item