Политика за контрола и управување на бучавата во урбани средини

Hadzi-Nikolova, Marija and Mirakovski, Dejan and Doneva, Nikolinka (2013) Политика за контрола и управување на бучавата во урбани средини. Natural Resources and Technologies, 7 (7). pp. 39-49. ISSN 185-6966

[img] Text
836 - Published Version

Download (14Kb)

Abstract

Со развојот на техниката и технологијата градовите се развија во големи индустриски центри и се судрија со проблемот на бучавата. Ова особено важи за урбаните средини каде што комуналната бучава како загадувач на животната средина е присутна 24 часа. Неконтролираното ширење на градовите доведува до појава на населби блиску до индустриските објекти, аеродромите и фреквентните сообраќајници со што се создаваат т.н. мешовити зони. Општа цел на политиката за контрола и управување на бучавата е да се задоволи потребата сите активности во општеството да бидат усогласени со желбата на населението за тивко општество. Широките оперативни цели вклучуваат барања за заштита, унапредување и подобрување на квалитетот на живеење, односно потребата за еколошки одржлив развој, намалување на здравствените ризици и спречување на деградацијата на животната средина. Ваквата политика настојува да промовира еколошка добросостојба преку спречување и минимизирање на нивото на бучава.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marija Hadzi-Nikolova
Date Deposited: 17 Oct 2014 07:37
Last Modified: 24 Oct 2014 11:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11143

Actions (login required)

View Item View Item