Меѓународно движење на капиталот со посебен осврт кон странските дирекни инвестиции - глобално и во Р.Македонија

Dzorleva, Stamenka (2014) Меѓународно движење на капиталот со посебен осврт кон странските дирекни инвестиции - глобално и во Р.Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud.pdf

Download (2749Kb) | Preview

Abstract

Следејќи го економскиот развој на глобално ниво и улогата на трговијата како основа за просперитет на економијата во светски размери, од особено значење е меѓународното движење на капиталот како основа за поврзување на светот во глобални рамки (глобализација). Трендовите на меѓународно движење на капиталот не се рефлектираат само преку движењето на стоките и услугите, туку и технологиите и парите ги минуваат границите на земјите. Во магистерскиот труд се прави проучување на досегашните истражувања од областа на меѓународното движење на инвестициониот (приватен) капитал со посебен осврт кон странските директни инвестиции (СДИ) како еден од клучните актери во меѓународниот бизнис. Почетната цел на овој труд е да направи поделба на различните облици на извезување капитал, преку опишување на модалитетите низ кои се рeализираат меѓународните текови на капиталот (зајмовен капитал, портфолио инвестиции и странски директни инвестии). Различни мотиви се причина за меѓународни тенденции, промени и ефекти предизвикани од странскoто директно инвестирање (СДИ). Интензивноста во процесите на концентрација и централизација на инвестициониот капитал на глобално ниво предизвикува понагласено разгранување и продлабочување на меѓународната поделба на трудот. Влијанието на современиот научно – технички прогрес, структурните промени кој тој ги носи наметнува барања коишто треба да ги исполнат националните економии. Сето ова ја условува поврзаноста, интегрираноста и меѓузависноста на националните економии во рамките на светското стопанствто. Клучни термини: зајмовен капитал; портфолио инвестиции; странски директни инвестиции; транснационални компании 2

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 10 Oct 2014 08:06
Last Modified: 10 Oct 2014 08:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11101

Actions (login required)

View Item View Item