Константин Кирил Филозоф во „Папокот на светот“

Belcev, Tole and Mladenoski, Ranko (2014) Константин Кирил Филозоф во „Папокот на светот“. Зборник на трудови од XL Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. pp. 91-102. ISSN 978-9989-43-371-9

[img]
Preview
Text
Tole Belcev Ranko Mladenoski za Filozofot vo Papokot na svetot.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Во трудот се истражуваат и се елаборираат рефлексиите на историската личност Константин Кирил Филозоф како книжевен лик во романот „Папокот на светот“ (2000) од Венко Андоновски. Со цел да се воочат и да се појаснат разликите меѓу историографските податоци за Константин Филозоф (историска факција), од една страна, и книжевното интегрирање на ликот на Филозофот во романот (книжевно-уметничка фикција), од друга страна, најпрво се посочуваат автентичните историски податоци за овој словенски просветител (при што како базични референци се користат трудовите на Харалампие Поленаковиќ, Вера Стојчевска–Антиќ и Илија Велев), а потоа се врши анализа на атрибутите со чија помош е изграден ликот на Константин Филозоф во романот „Папокот на светот“ од Андоновски. Од извршената анализа на техниките за интегрирање на ликот на Филозофот во романот се заклучува дека доминантните семи кај овој лик се однесуваат на една од неговите фундаментални историски улоги – енкодирање и декодирање на текстови. Притоа, како основа се зема дешифрирањето на натписот на т.н. Соломонова чаша што го извршил Константин Филозоф непосредно по Хазарската мисија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Tole Belcev
Date Deposited: 02 Oct 2014 12:40
Last Modified: 02 Oct 2014 12:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11057

Actions (login required)

View Item View Item