Практикум по промотивни активности (рецензиран е-практикум)

Petrevska, Biljana and Kitanov, Vladimir (2014) Практикум по промотивни активности (рецензиран е-практикум). ISBN 978-608-244-098-9.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/351

Abstract

Практикумот првенствено е наменет за студентите кои го изучуваат предметот Промотивни активности на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел е да им помогне во совладувањето на најважните теми од промоцијата со кои би се сретнале во секојдневото работење. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Притоа, преку многубројни практични примери се настојува да им се доближи на студентите дека промоцијата има сè поголемо значење, особено во туристичкото работење. Имајќи предвид дека ова е прво издание, не е исклучена можноста практикумот да има одредени недостатоци кои треба објективно да се согледаат и надминат во следните изданија. За таа цел, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство. ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАКОПИСОТ Практикумот методолошки е структуриран во дванаесет вежби со кои подетално е разработена наставната програма по Промотивни активности. Така, во првата вежба дадени се генерални концепции кои се однесуваат на наставната содржина, основната литература и правилата за изработка проектна задача. Во втората вежба акцентирани се најважните термини од темата која ја разработува проблематиката за креативност и препознатливост во туризмот. Во третата вежба посочени се примери за составување туристичка порака и туристички апел. Појаснувањата за значењето и примената на телевизијата како медиум за туристичка промоција, се теми на четвртата вежба. Во петтата и шестата вежба прикажани се примери преку кои се појаснети правилата и методологијата за изработка, како и потребата од примена на графичките средства за туристичка промоција (флаери, постери, фотографии, статии, репортажи, туристички карти, водичи и брошури). Седмата вежба е посветена на аранжманските средства на туристичка промоција, а во осмата се елаборирани основните принципи на надворешното рекламирање. Во деветтата вежба се анализирани други облици на туристичка промоција како: радио огласи, филм, спонзорство, сувенирски и контактни пропагандни средства. Десеттата и единаесеттата вежба ги анализираат интерактивните начини на туристичка промоција (веб-страни, графички веб-реклами, скок-прозорци, меѓупросторни веб-реклами, технологија на наметнување, платено пребарување во туристички цели, системи за препораки во туризмот, апликации за паметни телефони и технологија за носење). Последната, дванаесетта вежба е предвидена за пишување кратка анализа на зададена задача, со што всушност е оставен простор за дополнителна активност на студентите. ПЕДАГОШКИ ОДЛИКИ Со цел на студентите да им се овозможи полесно совладување на материјата, разбирање на посложените поими и поврзување на теоретските и методолошките концепти со практиката, ракописот содржи неколку педагошки алатки: o Секоја вежба започнува со краток преглед на содржината која е разработена во таа глава согласно наставната програма по предметот Промотивни актовности. Воедно, поставени се целите на учење кои треба да ги постигнат студентите преку совладување на вежбата; o Во вежбите се вклучени многубројни примери кои имаат за цел сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите; и o На крајот на секоја вежба, дадени се прашања за размислување и дискусија кои им овозможуваат на студентите да проверат дали целосно ја разбрале наставната материја.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 26 Sep 2014 12:43
Last Modified: 15 Apr 2015 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11027

Actions (login required)

View Item View Item