Кредитна политика и стратегија на портфолиото на кредитни пласмани на банките

Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2012) Кредитна политика и стратегија на портфолиото на кредитни пласмани на банките. Годишен зборник 2012, Економски факултет. ISSN 1857- 7628

[img]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski_2012.pdf

Download (1493Kb) | Preview

Abstract

Во работењето на секоја банка големо внимание треба да се посвети на формалните политики донесени од Одборот на директори и нивното правилно имплементирање и администрирање од страна на раководството. Овој нагласок е можеби најкритичен во однос на кредитната функција на банката, која поддржува дека банката мора да усвои здрав систем за управување со кредитниот ризик. Кредитните политики треба да содржат објаснување на предметот и алокацијата на банкарските кредитни средства и начинот на кој се управува со кредитното портфолио, т.е. како кредитите се одобруваат, сервисираат, како се врши нивниот мониторинг и отплата. Добрата кредитна политика не е секогаш целосно рестриктивна, туку дозволува презентација на кредити на кредитниот одбор на банката, за кои кредитните референти веруваат дека се квалитетни, но кои не спаѓаат во параметрите на пишаните насоки за работа. Притоа мора да постои голема флексибилност, која ќе овозможи брза реакција и навремено приспособување на променетите услови во портфолио средствата кои носат заработка на банката. Отсуство на пишани кредитни политики, насоки за работа и процедури, се главни слабости во правилното извршување на управувачките одговорности. Клучни зборови: банки, кредитна функција, мониторинг, портфолио, пласмани.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 23 Sep 2014 13:52
Last Modified: 23 Sep 2014 13:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11017

Actions (login required)

View Item View Item