Општите услови на работење и нечесните договорни одредби кај договорот за осигурување

Koevski, Goran and Tusevska, Borka and Spasevski, Darko (2013) Општите услови на работење и нечесните договорни одредби кај договорот за осигурување. Европско право, 2 (2). pp. 75-91. ISSN 1857- 842X

[img]
Preview
Text
EP2_2013.pdf

Download (1671Kb) | Preview
Official URL: http://www.skopje.diplo.de/contentblob/4133538/Dat...

Abstract

Договорот за осигурување е типичен атхезионен договор. Основна карактеристика на ваквите договори е тоа што нивното склучување подразбира и примена на општи услови на работење. Општите услови на работење се општо познат и прифатен правен инструмент од страна на практиката како кај трговските B2B (Business To Business) односи, така и кај потрошувачките B2C (Business To Consumer) односи. Општите услови може да бидат изготвени од една од договорните страни или може да бидат изработени од некоја независна трета страна. Најчесто сите големи трговски друштва кои во својата работа опфаќаат трансакции каде како договорна страна се јавуваат мноштво потрошувачи, изготвуваат свои сопствени општи услови за работење. Во практиката се забележува употреба во значителен обем и на општи услови за работење изработени од трета страна. Кога зборуваме за трета страна тука, пред сё, мислиме на различни меѓународни или национални организации, односно здруженија коишто претставуваат одреден еснаф.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 23 Sep 2014 09:51
Last Modified: 23 Sep 2014 09:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11001

Actions (login required)

View Item View Item