Прашања и дилеми во врска со капиталната либерализација-посебен осврт на Република Македонија

Georgieva Svrtinov, Vesna and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Kostadinovski, Aleksandar (2013) Прашања и дилеми во врска со капиталната либерализација-посебен осврт на Република Македонија. Годишен зборник 2013 - Економски факултет, Универзитет Гоце Делчев, Штип. ISSN 1857- 7628

[img]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski 2013.pdf

Download (3812Kb) | Preview

Abstract

Во последниве децении, капиталната либерализација е предмет на интензивни академски расправи, дебати и истражувања во бројни студии. Дискусиите се сосредочени на прашањата во врска со предностите и недостатоците на капиталната либерализација, но и на предусловите што треба да бидат исполнети пред да се пристапи кон полна либерализација на капиталните текови. Заклучоците од истражувањата на ефектите од капиталната либерализација се различни и често спротивставени. До појавата на азиската криза, во литературата доминираше гледиштето, официјално поддржувано и од страна на ММФ, дека користа од капиталната либерализација е поголема од трошоците, кои таа ги предизвикува. Денес, врз основа на анализа на искуствата од бројните валутни и финансиски кризи, особено по големата финансиска и економска криза од 2007 до 2009 година, во економската литература се чини постои определено конвергирање на ставовите, во смисла на повнимателно третирање на оваа проблематика и укажување дека капиталната либерализација, особено во земјите во развој, треба да се одвива градуално, да се контролира и да биде проследена со добра регулација. Главната предност на контролите на капиталните движења е дека тие го решаваат проблемот на т.н. „трилема” или невозможно тројство во монетарната политика, според кое земјата во исто време не може да дозволи слободно движење на капиталот, фиксен девизен курс и независна монетарна политика. Според тоа, капиталните контроли овозможуваат водење на автономна монетарна политика, т.е. можност да се создаде разлика помеѓу домашните и странските каматни стапки. Заклучокот се покажува како релевантен и за македонската економија. Основна цел на овој труд е да дискутира некои дилеми врзани за либерализацијата на капиталните текови во Р. Македонија - динамиката, неопходните чекори и реформи, предностите и опасностите, што со себе ги носи процесот. Во трудот најпрвин укажуваме на искуствата на некои земји во развој во имплементирањето на процесот на капитална либерализација, а потоа поопстојно ќе се задржиме на Р. Македонија, т.е. на прашањата за степенот на глобализација на македонската економија, динамиката на капитална либерализација и импликациите врз девизниот курс.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: капитални текови, земји во развој, капитал, финансиски систем.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 15 Dec 2014 13:45
Last Modified: 15 Dec 2014 13:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10995

Actions (login required)

View Item View Item