Македонската проза и поезија на италијански јазик

Karanikikj Josimovska, Jovana (2013) Македонската проза и поезија на италијански јазик. Литературен збор 1 – 6, Скопје, 4-6. pp. 99-105. ISSN 0024-4791

[img] Text
LZ_Jovana Karanikikj_Makedonskata poezija i proza na italijanski jazik_1.doc

Download (95Kb)
[img]
Preview
Image
lit_zbor4.jpg

Download (1141Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
lit_zbor5.jpg

Download (1173Kb) | Preview

Abstract

Македонија и македонската култура во последните години, можеби како никогаш претходно, немала поголема потреба за поголемо промовирање и истакнувње на своите вредности надвор од своите граници. Заканите за негирање на македонската култура доведоа до потреба да се разгледнаат одново односите со земјите и културите со кои е во постојана релација на културно, а особено на книжевно ниво. Идејата за овој текст доаѓа токму од едно такво истражување, кое имаше за цел да ги испита културните разлики во книжевните преводи од македонската литература на италијански јазик, и беше пред сè насочено кон македонската наратива. Во текстот што следи, се прикажани дел од резултатите од истражување (Караникиќ 2010). При истражувањето беше воочен фактот дека за разлика од забележителната присутност на италијанската книжевност во Македонија, многу помалку внимание е посветено на проучување на книжевните врски остварени во спротивна насока, односно достапноста и приемчивоста на македонската литература во Италија. Со цел да се придонесе кон надополнување на тој недостаток, решивме да се фокусираме токму кон преводите на македонската литература и нивната достапност во Италија, истовремено имајќи ги предвид придобивките за нашата земја од соодветниот прием на македонската литература не само во Италија, туку во странство воопшто. Во наредните страници е направен осврт кон досегашните преводи од македонската поетско и прозно творештво на италијански јазик како и на останатата литература од таа област. Во оваа прилика, напоменувме дека сите наслови спомати во текстот, кои не се однесуваат на преводи или се работи за издание објавено на само еден јазик, се преведени од страна на авторката или користени превод на насловот употребен претходно во друг извор.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovana Karanikik
Date Deposited: 16 Sep 2014 13:04
Last Modified: 04 Dec 2019 09:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10955

Actions (login required)

View Item View Item