Вредна книга за вреден автор

Mladenoski, Ranko (2005) Вредна книга за вреден автор. Современост, 53 (5). pp. 128-134. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium septemvri 2014 vrateni za sodzina finalni pet_Slavko Janevski Galerija univerzum Sovremenost sredeno sodrzina_Ranko Mladenoski za Janevski Galerija Univerzum.pdf

Download (8Mb) | Preview

Abstract

Овој труд е рецензија, односно осврт кон првиот том со наслов „Галерија универзум“ од научно-истражувачкиот проект „Книжевното наследство на Славко Јаневски“ од Македонската академија на науките и уметностите. Приредувач на првиот том (објавен во 2005 година) од проектот е академик Георги Старделов кој се одлучил да ги класифицира есеите на Јаневски во девет поглавја: „Книжевни теми и дилеми“, „Книжевни разговори“, „Ликовни теми и дилеми“, „Откривање на Европа“, „Галерија универзум“, „Катастрофа, страдања, надежи“, „Зад сива завеса“, „Африка, Азија – тајни“ и „Чудесна земја“. Во предговорот кон овој том академик Старделов нагласува дека станува збор за есеи и записи, книжевни и ликовни критики, статии, огледи и полемики од перото на Јаневски кои се пишувани во еден подолг временски период. Во рецензијата (освртот) кон овој том детално се разгледува содржината на деветте поглавја при што во него се приложуваат како примери најсуштинските, но и најинтересните белешки и забелешки на Јаневски. Во заклучокот од трудот се потенцира дека книгата „Галерија универзум“ како прв том од проектот „Книжевното наследство на Славко Јаневски“ ни го претставува овој наш исклучителен автор во едно поинакво, есеистичко светло со што, се разбира, се пополнува уште една празнина од македонското културно наследство.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 09 Sep 2014 10:36
Last Modified: 09 Sep 2014 10:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10919

Actions (login required)

View Item View Item