Анализа на финансиски извештаи - Практикум

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2014) Анализа на финансиски извештаи - Практикум. ISBN 978-608-244-081-1.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=254

Abstract

Учебното помагало Анализа на финансиските извештаи-Практикум претставува дополнување на скриптата со истоимениот наслов- Анализа на финансиски извештаи. Практикумот е наменет за студентите кои го слушаат предметот Анализа на финансиски извештаи, на насоките Сметководство, финансии и ревизија; Финансиски менаџмент; Банкарство, финансии и осигурување. Во него се опфатени повеќе практични примери (задачи и решенија) кои ќе им помогнат на студентите, а исто така и на останатите заинтересирани лица, полесно да ја сватат проблематиката на анализирање и толкување на финансиските извештаи. Преку практичните примери за примена на различните методи на анализа, пресметка и толкување на различните групи на финансиски показатели, како и користење на финансиски извештаи на познати компании од македонската и светска економија, студентите многу подлабоко ќе навлезат во суштината на значајниот процес на анализа на основните финансиски извештаи. Ќе им се овозможи да научат правилно да ги читаат финансиските извештаи, правилно да ги толкуваат добиените резултати од пресметките, поточно ќе научат да “читаат меѓу редови”. Зошто апсолутните бројки, содржани во финансиските извештаи на една компанија, не кажуваат речиси ништо. Преку проучување на различните едноставни и сложени практични примери, содржани во овој практикум, студентите треба да се оспособат да одговорат на прашањата: што, кога, како и зошто се случило во работењето на компаниите во минатото, прикажано преку евидентираните сметководствени трансакции во финансиските извештаи. Само преку детална финансиска анализа и интерпретација на информациите од финансиските извештаи ќе може да се креира солидна основа на информации, кои понатаму ќе им послужи на сите заинтересирани субјекти (стејкхолдери) во донесување на ефикасни деловни одлуки. Зошто, целта на финансиската анализа е да даде придонес во унапредување на идното работење на компаниите, врз основа на сознанијата за резултатите и пропустите во минатото работење. Се надеваме дека практикумот Анализа на финансиски извештаи ќе придонесе кон полесно совладување на проблематиката поврзана со финансиската анализа и ќе даде еден нов придонес во обработката на оваа проблематика.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 05 Sep 2014 13:03
Last Modified: 06 Apr 2015 10:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10895

Actions (login required)

View Item View Item