Аспекти на применливост на далечинско учење

Stojanov, Done (2011) Аспекти на применливост на далечинско учење. In: Меѓународен научно-стручен собир, ,,Образованието во 21-от век", 09.12.2011, Битола.

[img] Text
Distancelearning.pdf

Download (136Kb)

Abstract

Следејќи ги потребите на различни студенти, голем број универзитетинудат програми за далечинско учење, како можност за стекнување со универзитетска квалификација за лица кои не се во можност да се вклучат во рамки на традиционалниот начин на студирање. Техничката поддршка за учење на далечина, сама по себе не гарантира успешна примена на учењето на далечина, за што потребно е да бидат задоволени одреден број на параметри од нетехничка природа. Предмет на анализа во рамки на овој труд е да се изложат различните аспекти на применливост на учењето на далечина, започнувајќи од тоа што претставува учењето на далечина, која категорија на лица најчесто учи на далечина, кои услови треба да бидат исполнети за негова ефективна примена, кои техники и технички алатки можат да бидат употребени, како студентот да се мотивира и ангажира за успешно да го совлада наставното градиво и описна анализа на карактеристиките на личноста која би можела успешно да се вклучи во рамки на учењето на далечина. На крајот ќе биде даденосврт заефективна примена на учењето на далечина во рамки на Универзитетот ,,Гоце Делчев”, сонагласокна условите кои треба да бидат исполнети за да идните кадри, образувани на далечина, бидат конкурентни на пазарот на работна сила.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Done Stojanov
Date Deposited: 19 Nov 2012 07:35
Last Modified: 19 Nov 2012 07:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1080

Actions (login required)

View Item View Item