Претставници од ФМУ настапија пред затворањето на „Интерфест 2012“

Виктор Карапанџов и Невенка Трајкова од Факултетот за музичка уметност при УГД настапија на маргините на фестивалот „Интерфест 2012“ во Битола.

Карпанџов на туба и Трајкова на пијано одржаа концерт во рамките на „Интерфест“, изведувајќи дела од Вагензајл, Персл, Дон Хадад, Лохман. Карапанџов е добитник на повеќе награди и настапува како солист и во камерни состави. Невенка Трајкова е добитник на повеќе први награди. На овогодишниот интернационален арт натпревар „Езерски бисери“ во Струга е прогласена за најдобар корепетитор.