Каузалната поврзаност на трговијата и процесот на економска глобализација

Miteva-Kacarski, Emilija (2009) Каузалната поврзаност на трговијата и процесот на економска глобализација. Masters thesis, Економски институт, Универзитет „Свети Кирил и Методиј” Скопје.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud.pdf

Download (491Kb) | Preview

Abstract

Процесот на се поголема меѓу зависност кој што денес се нарекува глобализација е мултидимензионален и комплексен феномен кој што сублимира интензивни политички, социјални и економски интеракции како на национално така и над национално ниво. Малкумина би го демантирале фактот дека глобализацијата води кон поголем просперитет за стотици милиони луѓе како и кон поголема стабилност меѓу земјите. Но многу поединци од различни општества низ светот, имаат почувствувано малку или воопшто ништо од благодетите на глобализацијата. Меѓународната трговија е интегрален дел од процесот на глобализација. Трговијата им овозможува на народите да извлекуваат корист од специјализацијата и остварувањето економија од обем, ја зголемува продуктивноста, овозможува ширење на знаењето и новите технологии и го збогатува асортиманот што е на располагање на потрошувачите. Но подлабоката интеграција во светската економија не секогаш носи одредени користи и од таа причина трговскиот скептицизам расте што е основа за загриженост посебно во време кога земјите членки на Светската трговска организација настојуваат да ја комплетираат Доха Развојната Агенда. Трговијата влијае на економската нееднаквост и сиромаштијата од причина што влијае на дистрибуцијата на доходот на различни начини. Од горе изнесеното произлегува дека научната оправданост и актуелноста на темата се базира на согледување на перспективите за развој на трговијата во глобализираниот свет правејќи една историска ретроспектива на трговските текови уште од првата ера на глобализација па се до денес, како и утврдување на тоа дали традиционалните аргументи кои ја поддржуваат слободната трговија се уште валидни во денешно време. Она што заслужува посебно внимание претставува давањето одговор на прашањето дали трговската отвореност предизвикува економски раст, како и утврдување на тоа како најосетливите групи во општеството се погодени од трговската либерализација. Основната цел на магистерскиот труд е да се истражи улогата на трговијата во денешниот свет кој почнувајќи од изминатите неколку декади се карактеризира со зголемена поврзаност и економска зависност меѓу народите и да се согледаат импликациите на трговијата во глобализираниот свет како и нејзините перспективи за равој. Оттука произлегува и предметот на истражување – трговијата и нејзината поврзаност со процесот на економска глобализација.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 25 Aug 2014 11:17
Last Modified: 07 Aug 2015 07:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10718

Actions (login required)

View Item View Item