За мудрата и автентична македонска приказна

Mladenoski, Ranko (2005) За мудрата и автентична македонска приказна. Современост, 53 (4). pp. 127-131. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za G Stefanovski.pdf

Download (7Mb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува рецензија (осврт) за книгата со наслов „Приказни од Дивиот Исток“ од авторот Горан Стефановски. Во трудот прво се даваат основните информации за оваа книга, односно за тоа дека таа е составена од два дела. Во првиот дел се сместени текстовите „За нашата приказна“, „Ноќните мори на европската културна политика“ и „Приказни од Дивиот Исток“. Во вториот дел од оваа книга се објавуваат интервјуа со Горан Стефановски реализирани во „Пулс“, „Форум“, Дневник“, „Актуел“, „Утрински весник“ и „Визија“. Понатаму во трудот детално се елаборира содржината на секој текст одделно. Така, на пример, за текстот со наслов „Приказни од Дивиот Исток“ (според кој е насловена и книгата) се вели дека е еден компаративен книжевно-филозофски есеј за односите меѓу источноевропската, од една, и западната култура, од друга страна. На крајот од трудот, односно во заклучокот, се потенцира дека книгата „Приказни од Дивиот Исток“ го потврдува по којзнае кој пат веќе покажаниот мудромислечки капацитет на Горан Стефановски, како и тоа дека ја покажува неговата способност за критичка опсервација, за вршење на очудувачки семантички паралели во однос на суштински прашања и проблеми.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 21 Aug 2014 07:41
Last Modified: 21 Aug 2014 07:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10670

Actions (login required)

View Item View Item