Талија во градот на конзулите

Mladenoski, Ranko (2005) Талија во градот на конзулите. Современост, 53 (3). pp. 126-127. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Sterjovski teatar.pdf

Download (3658Kb) | Preview

Abstract

Овој труд е рецензија (осврт) за книгата со наслов „Битола – каријатиди на театарот“ од авторот Александар Стерјовски објавена во 2004 година, а издавач е Народниот театар во Битола. На почетокот од трудот се потенцира дека и покрај тоа што насловот на книгата упатува само на театарската дејност во Битола, сепак авторот често нуди податоци за театарскиот развој и во други градови во Македонија како што се Скопје, Ресен, Охрид, Прилеп, Солун и многу други елаборирајќи ги на тој начин директните и индиректните врски на битолскиот театар¬ски живот со другите подрачја во широките етнички граници на Македонија. Покрај тоа, во рецензијата се даваат и основните податоци за структурата на книгата која е соста¬вена од шест глобални тематски целини: прво, почетоците на театарот; второ, осврт кон гледалиштата, односно кон амбиентот во кој се случувал театарот; трето, развојот на театарот во османлискиот период; четврто, театарот за време на Првата светска војна; петто, театарските случувања во периодот меѓу двете светски војни; шесто, театарот во таканаречениот бугарски период. Во заклучокот од трудот се потенцира дека кни¬гата „Битола – каријатиди на театарот“ од Александар Стерјовски претставува мошне сериозен прилог во проучувањето на исто¬ријата на македонската култура воопшто, но и конкретно на театарскиот живот во Маке¬донија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 21 Aug 2014 07:40
Last Modified: 21 Aug 2014 07:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10668

Actions (login required)

View Item View Item