Животното дело на Шукри Рамо (1918-1988)

Celik, Mahmut (2013) Животното дело на Шукри Рамо (1918-1988). Годишен зборник 2013 - Филолошки факултет, УГД - Штип. pp. 103-107. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
Mahmut -Zbornik 2013.pdf

Download (1994Kb) | Preview

Abstract

Во оваа студија даваме осврт за животното дело на писателот и критичко-есеистичка анализа врз расказите за деца на Шукри Рамо. Посебно е значајна токму поетската компонента во неговите раскази за деца, во кои мошне тешко се распознаваат границите на поетското и стандардно прозното. Треба да се нагласи дека Шукри Рамо е писател на првата повоена генерација турски писатели во Република Македонија, кој во повеќето свои раскази уметничкиот израз свесно го жртвува за сметка на идејноста по секоја цена, водејќи се од крутата мисла дека особено литературата за деца треба да воспитува во духот на братството и единството, што беше доминантна идејна ориентација, посебно во периодот од првата деценија на Титова Југославија. Настаните во неговите дела се компонирани во рамките на одделни вистини. Најчесто тоа се застарени и надживеани односи, обичаи и навики, над кои авторот се сожалува, но постојат и некои обичаи кон кои Рамо се однесува со посебна почит и респект. Клучни зборови: раскази за деца, турска книжевност за деца, братство и единство.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Mahmut Celik
Date Deposited: 20 Aug 2014 13:33
Last Modified: 20 Aug 2014 13:33
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10666

Actions (login required)

View Item View Item