Микробиологија со паразитологија - практикум

Taleski, Vaso and Dimitrova, Marija and Danilova, Marina (2014) Микробиологија со паразитологија - практикум. ISBN 978-608-244-010-1.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=271

Abstract

Практикумот по “Микробиологија со паразитологија“ е наменет како учебно помагало за студенти на Високата здравствена школа од насоките Физикална терапија, оптометрија и забни техничари-протетичари. Тоа се насоки кои немаат секојдневни комуникации ниту честа потреба од услугите на микробиолошките лаборатории. Практикумот може да go користат и студенти на други Високо медицински школи во Републикава и на други насоки на кои со програмата е предвидено изучување на овој предмет. Материјалот обработен во практикумот е според предвидената програма и часовите за споменатите студиски насоки. Студентите ќе ги прошират своите вкупни познавања од медицината преку запознавање со практична работа во микробиолошка лабораторија и со можностите за современа микробиолошка дијагностика на најзначајните бактерии, вируси, габички и паразити. Предвидено е да се одржат и обработат дванаесет вежби во предавалните на ФМН и во микробиолошка лабораторија. Во микробиолошката лабораторија студентите ќе се запознаат со сите постапки од приемот на разни видови материјали до добивање на конечната дијагноза, со толкување и издавање на резултатите, ќе бидат присутни и ќе учествуваат во практична работа и изведување на некои дијагностички процедури. Во подготовка е практикум во кој пообемно се обработува материјалот и е наменет за останатите насоки (лаборанти, медицински сестри и акушерки) кои имаат единствена, секојдневна или многу честа комуникација, потреба или работа со микробиолошките лаборатории. Делови од практикумот може да го користат и студентите на II циклус на студии. Од авторот

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vaso Taleski
Date Deposited: 08 Aug 2014 08:55
Last Modified: 08 Apr 2015 12:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10541

Actions (login required)

View Item View Item