Marine mammal Brucella species – potential new re-emerging pathogens (Brucella видови кај морски цицачи- нови потенцијално опасни патогени микроорганизми)

Taleski, Vaso and Zdravkovska, Milka and Markovski, Velo and Danilova, Marina (2014) Marine mammal Brucella species – potential new re-emerging pathogens (Brucella видови кај морски цицачи- нови потенцијално опасни патогени микроорганизми). In: 5-th Congress of Macedonian Microbiologists with International Participation, 28-31 May 2014, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Abstrakt Ohrid kongres 2014.pdf

Download (141Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Trud kongres mikrobiolozi 2014 %28Vaso%29.pdf

Download (754Kb) | Preview
Official URL: http://www.microbiology.congres.mk/index.php?cid=9...

Abstract

Вовед Од откривањето на причинителот на бруцелозата, Brucella melitensis, во 19-иот век, изолирани се шест вида на бруцели поврзани со копнените цицачи. Последниве години, бројот на нови видови бруцели е во пораст заради нивно изолирање и кај морски цицачи. Новите бруцели наметнуваат многу прашања поврзани со потеклото и еволуционарната историја на целиот род. Цел Да се прикажат досегашните сознанија за новите видови бруцели и нивното значење како нови потенцијално опасни патогени микроорганизми. Материјал и методи Користени се најновите достапни податоци од литературата. Дискусија и заклучок Покрај класичните 6 вида на бруцели (B. melitensis, B. abortus, B. suis, B. canis, B. neotome,B. ovis), од 1994 година почнало изолирањето на бруцели и кај морски цицачи, кои претставуваат нов, дотогаш непознат, резервоар и нови предизвици за борба против бруцелозата. Нови видови изолирани бруцели се: B. ceti (кај китови, делфини и мали делфини), B. pinnipedialis (кај фоки и морски лавови), B. microti (изолирани во Чешка кај водени стаорци и кај диви црвени лисици во Австрија) и B. inopinata (изолирана од граден имплант и од крв кај една 71 годишна жена со клинички знаци на бруцелоза). Таксономијата на бруцелите станала уште поконтраверзна и се уште се дебатира за неа. Се мисли дека дивергенцијата на видовите на родот brucella настанала како резултат на дивергенцијата на нивните домаќини - цицачи, пред 60 милиони години. Но дивергенцијата на предците на китовите и делфините се случила пред 55 милиони години, на фоките и морските лавови пред 35 милиони години. Најновите истражувања укажуваат на тоа дека до неодамна познатите класични видови бруцели, со голема веројатност, дивергирале пред околу 86 илјади до 296 илјади години, што укажува дека дивергенцијата на бруцелите кај морските цицачи не е компатибилна со дивергенцијата на нивните домаќини. Можно е дека морските цицачи инфицирале од копнените цицачи во веригата на исхраната, но исто така останува можноста дека копнените, се инфицирале од морските цицачи. Анализата на еволуцијата на B. microti, укажува дека први дивергирале B. suis и B. neotomae. Новите видови бруцели и нивните домаќини (резервоари) се вистински предизвик со непредвидливи можни последици, заради потенцијалната опасност новите бруцели да предизвикуваат заболувања и кај луѓето. Бруцелозата е континуиран предизвик, и останува и понатаму во групата на најчести и опасни зоонози.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vaso Taleski
Date Deposited: 18 Aug 2014 11:37
Last Modified: 06 Aug 2015 08:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10533

Actions (login required)

View Item View Item