Музичката форма на ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“ од Томислав Зографски - синтеза на музички традиции

Nasev, Lence (2010) Музичката форма на ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“ од Томислав Зографски - синтеза на музички традиции. In: Струшка музичка есен, 2010, Struga, Macedonia.

[img]
Preview
Text
SME - 2010 - preliminarna programa.pdf

Download (540Kb) | Preview

Abstract

Ораториумот Похвала Кирилу и Методију од творечкиот опус на композиторот Томислав Зографски се издвојува како посебна творба карактеристична по својот обемен изведувачки апарат – бас, рецитатор, три мешани хора и оркестар. Исто така, во ова дело е специфична сложеноста на музичката замисла, употребата на старословенскиот јазик и невообичаениот спој на изразни елементи од различно стилско потекло. Синтезата на традиции се назира уште од самиот наслов – Похвала Кирилу и Методију – ораториум. - Похвала – форма и литературен жанр од православната христијанска традиција; - Ораториум – музички жанр на западноевропската професионална музичка традиција врз основа на црковниот жанр – пасија според текст од житието за Исус. Композиторот во ова дело на свој индивидуален начин врши синтеза на фолклорната, црковната и професионалната традиција. Во овој труд ќе бидат разгледани музичките модели преку анализа на музичката форма и формообразувачките изразни средства.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Lence Nasev
Date Deposited: 10 Jul 2014 10:43
Last Modified: 10 Jul 2014 10:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10474

Actions (login required)

View Item View Item