Значењето на обуката за прецизно одредување на бојата на забите

Zarkova, Julija and Kitanoska, Marija and Eftimova, Cveta (2014) Значењето на обуката за прецизно одредување на бојата на забите. In: 21ви Меѓународен научен студентски конгрес, 9-11 May 2014, Охрид, Р.Македонија.

[img]
Preview
Text
Kniga Abs Stud 2014.pdf

Download (25Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
tema za kongres vo OH.pdf

Download (1579Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
english abrtsrakt.pdf

Download (94Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Abstract.pdf

Download (189Kb) | Preview

Abstract

Вовед: Одредувањето на идеалната боја на забите при изработка на денталните реставрации е од особено значење за задоволство на пациентите. На тој начин се избегнуваат непријатностите од типот на корекции или повторна изработка на истата конструкција. Според статистичките истражувања докажано е дека неприфаќањето на избраната боја од страна на пациентот е една од причините за неуспех на протетската терапија. Цел на трудот: Да утврдиме дали правилниот и прецизeн избор на бојата на забите зависи од различниот степен на едукација, тренинг и познавања на методите кои се користат за нејзино спроведување. Материјал и метод: Во ова истражување беа вклучени 60 студенти на стоматологија при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, од кои 30 студенти од 4- та и исто толку од 5-та година на студии. Сите испитаници беа тестирани со помош на Ishihara color vision тестот за слепост на бои, за да ја исклучиме грешката. Потоа формиравме две испитувани групи на студенти по случаен избор со подеднаков број од обете генерации. Работната група помина низ опсежна три неделна обука, вежби и тестирања за одпределување на бојата на забите, додека другата беше контролна група. На крај сите ги тестиравме со помош на специјален програм за одредување на боја ToothGuideTrainer-Final Exam. Максимално можни освоени поени од тестот беа 1000, а положувањето на тестот беше со граница од 600 поени. Добиените резултати статистички беа обработени. Резултати: Работната група покажа значајна разлика во прецизното одредување на бојата на забите во однос на контролната група(p>0.05). Притоа во однос на различниот пол (машки vs. женски) не постоеше разлика во точното одредување на нијансите. Заклучок: Од спроведеното истражување заклучивме дека стручната обука има големо влијание врз изборот и проценката на бојата на забите што би значело и подобар резултат во изработката на дефинитивата протетска конструкција. Клучни зборови: боја на забите, обука, определување на боја

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 09 Jul 2014 14:14
Last Modified: 06 Aug 2015 08:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10469

Actions (login required)

View Item View Item