Разлики на плевралните изливи кај болни со примарен белодробен карцином и примарен малиген тумор на плеврата

Karakolevska Ilova, Marija (2013) Разлики на плевралните изливи кај болни со примарен белодробен карцином и примарен малиген тумор на плеврата. Masters thesis, Универзитет „Св.Кирил И Методиј”, Медицински Факултет - Скопје.

[img]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_marija.karakolevska_Desktop_magisterski trud.pdf

Download (1609Kb) | Preview

Abstract

Плевралните метастази од бронхогено потекло се појавуваат релативно рано во текот на болеста за разлика од другите примарни висцерални тумори со што дополнително го зголемуваат морбидитетот и е доволна причина да се утврди инциденцата на плевралните изливи асоцирани со примарен белодробен карцином како и нивната презентација кај различната локализација на примарниот тумор и неговиот хистопатолошки тип. Малигните плеврални ефузии може да се користат како модел за проучување на хиерархиската прогресија на карциномот и/или интратуморската хетерогеност. Интратуморската хетерогеност можеби е во врска со резистентноста на белодробните карциноми кон терапијата. Испитувајќи култури на клетки од плевралната ефузија може да се испита и хетерогеноста на напреднатиот примарен карцином со што ќе се овозможи испитување на адекватна терапија. Со ова уште еднаш се потврдува важноста на појавата на малигни плеврални ефузии и нивната големина кај различните хистопатолошки типови на белодробни карциноми како можност за вакви испитувања.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: белодробен карцином, малигна плеврална ефузија
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Karakolevska
Date Deposited: 07 Jul 2014 12:13
Last Modified: 07 Jul 2014 12:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10432

Actions (login required)

View Item View Item