Споредбена анализа на тоталитарните идеологии со посебен осврт на фашизмот и нацизмот

Jovanovik, Dragana (2013) Споредбена анализа на тоталитарните идеологии со посебен осврт на фашизмот и нацизмот. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
МАГИСТЕРСКИ ТРУД-2003- FINALNA VERZIJA-koregirano 1- поми.pdf

Download (914Kb) | Preview

Abstract

Потчинувањето и насилството без разлика на модалитетите, видот и количеството на насилството и теророт ја сочинуваат суштината на тоталитаризмот. Тоталитаризмот се карактеризира преку повеќе принципи, каде што, во сите овде споменати режими, пропагандата зазема многу важно место. Резултатите од добро спроведена пропаганда биле од непроценливо значење. Тоталитарната пропаганда е успешна заради фактот што реалноста се заменува со фикцијата. Оваа замена на реалност со фикција со постојано повторување на нереални факти, на масите им дава чувство на временски континуитет. Масите, пак, од друга страна, се подложни на сите идеологии. Но, главниот недостаток на тоталитарната пропаганда е следен: таа не може да ја задоволи потребата на масите за наполно конзистентен, разбирлив и привидлив свет, без притоа сериозно да се судри со здравиот разум. Фашизмот е форма на владеење што ги истакнува нацијата и расата. Исто така, претставува реакција на модернизација, прекин на истата и револт против неа или ирационални реакции во светот на големиот бизнис, капитал и капитализам.Еден од неговите главни елементи во германската верзија е антикапитализмот, а во Италија корпоративност. За фашизмот, карактеристично е испреплетување на два мотива: националистички (популистички) и социјалистички. Нацизмот, пак, успеал да ги искористи обележјата на германската историја, да ги злоупотреби малограѓаните и да ги насочи кон национализмот. Враќањето на вечните вредности било возможно само со потполна политичка деконтаминација, која гарантира морално и политичко оздравување на народот. Значи, би можеле да резимираме дека во Италија се инсистирало на тоталитарна држава, додека, пак, кај нацистите било битно движењето и народот. Одлуките на водачот биле над правото, а пропагандата во Италија и Германија знаела да создаде харизматичен водач. Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз со своите бирократски апарати, ги претвориле човечките 4 животи во масовна смрт, а поединците во квоти кои мора да се убијат. Германија сакала да воспостави рамнотежа помеѓу индустријата и аграрната утопија на Исток, додека, пак, СССР се трудел да ја надмине својата аграрна заостанатост со забрзана индустријализација и урбанизација. Клучни зборови: насилство, пропаганда, манипулација, еврејство, егзекуторство, фикција, реалност

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 03 Jul 2014 14:02
Last Modified: 03 Jul 2014 14:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10410

Actions (login required)

View Item View Item