Карактеристики на полномасен и осиромашен гриз од соја

Efremova, Sonja (2013) Карактеристики на полномасен и осиромашен гриз од соја. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Magisterska LEKTORIRANA.pdf

Download (1621Kb) | Preview

Abstract

Анализирани се проби на сирово зрно од соја од 5 сорти соја, наменети претежно за производство на компоненти за сточна храна. Од сите 5 сорти определени се карактеристиките (хемискиот состав) на сировото зрно од соја, на полномасен гриз и на осиромашен гриз. Анализите се извршени на два начина во две различни и независни лаборатории: I со класична хемиска анализа; II со помош на NIR - анализатор. Резултатите од класичната хемиска анализа на зрно, се движат во рамките на пропишаните сортни одлики на сортите соја. Процентот на протеини се движи од 34,40 кај сортата „Горштак“ па се до 36,92 кај „Илинденка“. Полномасниот гриз произведен од прогресивната линија соја „ММК“ се одликува со највисок процент на протеини 40,80 %, а за сметка на тоа со најнизок процент на масти 15,70 %. Гризот од сортата „Горштак“ е најбогат со масти 18,60 %, а најсиромашен (37,90 %), со протеини. Oсиромашениот гриз од сортата „Горштак“ содржи најмалку протеини – 40,42%, додека гризот од „Илинденката“ е најбогат (43,33%) со протеини, додека процентот на масти е 13,90%. Полномасниoт гриз од соја се користи во исхраната на штотуку одбиените прасиња (како полномасниот гриз на „Горштак“), но не повеќе од 10%, соиниот концентрат или изолат за повозрасните прасиња само до 20% во смеската, како и осиромашен соин гриз (и соина сачма), за возрасните со процент на сирови протеини до 44% со застапеност до 20% (како осиромашениот гриз на „ММК“ и „Илинденка“). Поради релативно високата содржина на масло во полномасниот гриз од соја (од сортата „Горштак“), содржината на енергија во смеските ќе се подобри ако се употребува овој гриз. Клучни зборови : соја, сорти, екструдирање, соин гриз, антинутритивни супстанции, исхрана.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 03 Jul 2014 13:58
Last Modified: 03 Jul 2014 13:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10399

Actions (login required)

View Item View Item