Преговарањето како вештина на менаџерот за успешно работење

Simova, Violeta (2014) Преговарањето како вештина на менаџерот за успешно работење. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Simova Violeta Magisterska.pdf

Download (1923Kb) | Preview

Abstract

Успехот во деловниот живот зависи од умешноста правилно да се преговара. Речиси скоро и да нема аспект од животот - деловен, општествен или личен, кој не е поврзан со потребата за преговарање. Врз основа на сопствените истражувања и искуство, имам заклучено дека се во животот може да биде предмет на преговори, под било кои услови и во било кое време. Кога не преговараме ја губиме можноста да ги подобриме своите можности. Денешните менаџери половина од своето работно време го поминуваат комуницирајќи со другите вработени и стеикхолдерите, при што преговарањето зазема голем дел од таа комуникација. Ништо не може да биде со толку тесен, но воедно и со толку широк обем на дејствување, како што е водењето на преговори. Секоја желба што треба да се исполни, секоја потреба што треба да се задоволи, претставува некој потенцијален повод за да почнат да се водат преговори. Секоја размена на мисли, со интенција да се изменат соодноси, за да се постигне спогодба, несомнено е веќе некое преговарање. Преговарањето зависи од способноста да се комуницира. На индивидуално рамниште-од лична корист, но и од рамниште на претставници на организационите групи. Следствено, преговарањето може да се разгледува како составен елемент на човечкото однесување. Во деловното работење, преговарањето вообичаено се поврзува со две подрачја: прво е комерцијално т.е купување и продажба, а второ се меѓусебните односи внатре во компанијата. Сепак, делокругот на процесот на преговарање е преширок за да може да се ограничи на само една или друга група на учесници во деловното работење. Постојат многу подрачја каде е од особена корисност да се поседуваат преговарачките вештини. Кога двајца поединци, групи, организации или држави дојдат во контакт и при тоа се обидуваат да ги постигнат своите цели, нивниот однос постанува некомпатибилен. Конфликтот е важен елемент во меѓучовечките односи, така што во денешните организации управувањето со конфликтот претставува многу важна менаџерска вештина за нормално функционирање на компанијата.Предмет на овој магистерски труд е деловното преговарање и неговото значење во денешното стопанисување. Во трудот е даден преглед на различни видови на преговарања, анализа на процесот на преговарање и преговарачките вештини, а посебно акцент е ставен преговарачките тактики и стратегии. Клучни зборови: преговарање, преговарачки стратегии и тактики кооперативна стратегија, компетитивна стратегија, управување со конфликти

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 03 Jul 2014 13:19
Last Modified: 03 Jul 2014 13:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10395

Actions (login required)

View Item View Item