Миланковичевите криви на осончување во корелација со геомагнетното поле на земјата

Avramovska, Rada (2013) Миланковичевите криви на осончување во корелација со геомагнетното поле на земјата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski Trud.pdf

Download (3755Kb) | Preview

Abstract

Српскиот научник Милутин Миланковиќ ја поставил теоријата дека трите астрономски параметри: наклонот на оската на ротација на Земјата, орбиталната прецесија и елиптичната форма на орбитата по која кружи Земјата околу Сонцето имаат големо влијание врз износот на сончевото зрачење кое пристига до Земјата. Според неговата теорија секуларните промени на овие три астрономски параметри со периоди: на ексцентрицитетот од 100 000 години, на наклонот на оската на ротација на Земјата од 42 000 години и орбиталните прецесија со периоди од 19 и 23 000 години одговараат на периодите на појавата на ледените епохи (периоди на глацијација) и топлите периоди (периоди на итерглацијација) во геолошкото минато. Со најновите палеоклиматските истражувања (проектот EPICA) врз база на земање на примероци на јадра од мраз со дупчење до поголеми длабочини во мразот се добиле детални информации за температурниот режим во минатото. Исто така и најновите научни истражувања и современи техники во палеомагнетните истражување довеле да се добијат прецизни податоци за геомагнетните промени низ геолошкото минато како во однос на неговата насока така и во неговиот интензитет. Геомагнетите екскурзии се поврзани со драматично намалување на интензитетот на магнетното поле и до појава на негов колапс. Од последната реверзија на магнетното поле во Брунхес хронот може да се видат неколку вакви аномалии и геомагнети екскурзии. Со споредување на кривата на промена на геомагнетното поле и периодите на настанување на геомагнетните екскурзии со кривата на секуларните промени на осончувањето од последната геомагнетна екскурзија, може да се види дали секуларните промени на геомагнетното поле за време на Брунхес хронот се случуваат во време на глобалното ладење кое индиректно пак е поврзано со промените на орбитален параметри.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: ексцентрицитет, прецесија, агол на наклон на оската на ротација, осончување, геомагнетни екскурзии.
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 12:57
Last Modified: 02 Jul 2014 12:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10376

Actions (login required)

View Item View Item