Портфолиото како начин на вреднување на постигањата на учениците

Arsova, Nada (2013) Портфолиото како начин на вреднување на постигањата на учениците. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
ЛЕКТОРИРАН-маг.труд.-Нада.pdf

Download (782Kb) | Preview

Abstract

Перспективата во образованието се базира на создавање на личност со изградени индивидуални вештини за критичко и креативно мислење, тимска соработка, активна комуникација, продукција и презентација на идеи. Во овој контекст најчесто се тргнува од тезата дека не е можно целосно да се развие личноста на ученикот и неговите компетенции, ако не му се даде можност да партиципира во сите фази на образованието и наставниот процес, при што важна улога има вреднувањето на сопственото знаење и следењето на сопствениот напредок. Како поткрепа во развојот и постигањата на ученикот, едeн од квалитетните начини e формирањето, водењето и оценувањето на портфолиото. Една од клучните карактеристики на портфолиото е ученикот да им демонстрира на другите кaко учи и како тече неговиот прогрес во учењето. Најголемата вредност на портфолиото е тоа што преку него учениците стануваат активни во процесот на учењето и оценувањето. Целта на овој труд е да се презентираат битните карактеристики на портфолиото како квалитативен начин (метод) на вреднување и мислењата на наставниците за потребата од негово користење. Потребата од кооперативниот пристап на наставникот и подготовката на ученикот од најмала возраст да ја создава, избира, систематизира и самооценува сопствената аргументација за напредокот, се сведува на највисока образовна цел.Таа цел директно влијае и ги дефинира фазите и нивото на постигањата на учениците како услов за стекнување на навика и свест за професионалниот развој и напредување како доживотна потреба. Од друга страна, пак, целта на овој труд е да се привлече вниманието на педагошката јавност кон нов пристап во вреднувањето на постигањата на учениците, со акцент на самооценувањето. О вој труд е насочен кон проучување на истражувачки проблем кој има голема општествено–педагошка оправданост и ќе придонесе во лоцирањето на слабостите во примената на портфолиото како метод на вреднување и 4 актуелизирањето на потребата од усовршување на македонскиот модел за примената на потрфолиото во вреднувањето на постигањата на учениците. Трудот се состои од четири дела меѓусебно логички поврзани: теоретски пристап кон проблемот, методолошки пристап кон проблемот, анализа и интерпретација на резултатите од истражувањето, заклучок, литература и прилози. Клучни зборови- портфолио, постигања на учениците, оценување на постигањата и вреднување.Abstract The perspective in the education is based on creating a person with developed individual skills for critical and creative opinion, team work, active communication, production and presentation of ideas. This context, in general, starts from the thesis that it is impossible for the personality and the abilities of the student to fully develop if he is not given a chance to participate in all the phases of the educational process, where the self-assessment and monitoring their own progress have a crucial role for their improvement. One of the most productive ways of supporting the development and the achievements of the student is the developing, keeping and assessing the portfolio. One of the main characteristics of the portfolio is that the student demonstrates his way of learning and the flow of his learning progress to others. The greatest value of the portfolio is that through it, the students become active in the process of learning and assessing. The purpose of this article is to present both the important characteristics of the portfolio as a qualitative way (method) of assessing and the teachers’ opinions for its usage. The need of co-operative approach of the teacher and the students’ training from early age to create, choose, methodize, self-assess their own argumentation for their progress, brings down to the highest educational objective. That purpose defines and has a direct impact on the phases and the levels of students’ accomplishments as a requirement for obtaining a habit and awareness for professional development as a lifelong necessity. On the other hand, the purpose of this article is to direct the attention of the teaching public towards a new approach of assessing students’ achievements with a stress on self-assessment. This article is aimed towards analysis of an exploratory problem which has a big socially- pedagogically justification and which will contribute in finding the weak points in the usage of the portfolio as a method of assessing and the actualization of the necessity of perfecting the Macedonian model for the use of the portfolio in assessing students’ achievements. 6 The article consists of four mutually and logically connected parts: theoretical approach towards the problem, methodological approach towards the problem, analysis and interpretation of the results of the research, conclusion, bibliography and end notes.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: portfolio, student’s achievements, assessment of achievements and evaluation
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 10:54
Last Modified: 02 Jul 2014 10:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10365

Actions (login required)

View Item View Item