Мерење, анализа и контрола на сообраќајната бучава во урбани средини

Kacarska, Irena (2012) Мерење, анализа и контрола на сообраќајната бучава во урбани средини. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
PDF lektorirana magisterska.pdf

Download (2500Kb) | Preview

Abstract

Зголемувањето на бројот на главните патишта околу станбените згради низ целиот град, неизбежно предизвикува голема бучава и загадување на градот. Во едноставни термини, бучавата претставува несакан звук. Звукот е една форма на енергија што се емитува од страна на вибрирачко тело и достигнува до увото каде што предизвикува преку нерв, чувство на слух. Звуците предизвикани од сите тела не се слушаат. Фреквентната граница на звучност изнесува од 20 до 20.000 HZ. Во основа, во зависност од потеклото, дефинирани се два вида бучава ‒ бучава од природни извори и бучава од вештачки извори. Природни извори на бучава се природните појави како што се грмотевица, шум на силен ветер, шум на водопад и слично. Вештачки извори на бучава се сите извори направени од човекот. Цел на овој магистерски труд е да се процени степенот на изложеност на бучава и нејзиното влијание врз жителите кои живеат во близина на главните патишта; да се направат мерења на бучавата во најфреквентните градски сообраќајници, а потоа да се изврши анализа на добиените податоци; и секако, ќе бидат предложени соодветни мерки за нејзина контрола. Клучни зборови: бучава, звук, загадување од бучава, население.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 10:02
Last Modified: 02 Jul 2014 10:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10359

Actions (login required)

View Item View Item