Примена на воената дипломатија како инструмент на државна (политичка) моќ при справувањето со современиот тероризам

Manojlov, Jonce (2013) Примена на воената дипломатија како инструмент на државна (политичка) моќ при справувањето со современиот тероризам. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП.pdf

Download (946Kb) | Preview

Abstract

Современиот тероризам по многу нешта се разликува од класичниот тероризам. Таквата разлика придонесе на меѓународен план државите да започнат да применуваат поинаков начин за негово справување. Така на пример, ако при справувањето со тероризмот државите и меѓународните организации од меѓународно-правен аспект се повикуваа на кривичното право (усвоени низа конвенции во кои тероризмот се инкриминира како кривично дело кои подоцна се имплемнтирани во националните законодавства), по 11 септември 2001 година дојде до значителна промена во справувањето со истиот. Резолуцијата 13731 на Советот за безбедност на ООН го поврзаа правото на самоодбрана (во случајот на САД) со борбата и начинот за справувањето со тероризмот. На тој начин правната основа за преземањето на мерки и активности од страна на државите како субјекти на меѓународната сцена не е повеќе единствено националната кривична легислатива, туку меѓународно право за вооружен конфликт. Тоа значи дека наместо полициски сили, операциите против тероризмот ги изведуваат воени сили. Во пракса дел од државите предводени од САД во име на правото на самоодбрана започнаа со операцијата „Истрајна слобода“ во Авганистан. Операциите беа дизајнирани на тој начин што за цел немаа само да ја отстранат непосредната опасност, туку и идната можна опасност, па наместо класична самоодбрана операциите се претворија во операции за смена на режимот (конкренто на Талибаните). Подоцна започна со работа и операцијата ИСАФ, во која активно учество има и Република Македонија од 2002 година до денес. Во 2003 година, под изговор дека се чувствува загрозена од Ирак, САД поведе кампања за соборување на режимот на Садам Хусеин. Дел од европските сојузници како Германија, Франција и некои други, заедно со Русија и Кина се спротивставија на ваквиот пристап. И покрај тоа, САД поведе коалиција од над 45 земји со кои ја започна операцијата „Слобода за Ирак“. Република Македонија, исто така, со свои војници учествуваше од 2003 година 1 http://www.minoritycentre.org/library/rezolucija-1373-saveta-bezbednosti-un Усвоена на 4385 седница на Советот за безбедност, 28 септември 2001 година 4 до 2010 година кога се повлече и последниот контингент на АРМ. Како и во случајот со Авганистан и во случајот со Ирак дојде до смена на режимот, па од условно самоодбрана се премина во процес на систем на градење на нации. Иако коалиционите војници успеаа да ја окупираат територијата на Авганистан и Ирак, се добива впечаток дека наместо да ја губи својата моќ Ал Каеда стана посилна. Една подетална анализа на пристапот во справувањето со современиот тероризам јасно ќе покаже дека од аспект на инструментите на државната (политичка) моќ наместо дипломатијата, информациите и економијата коалиционите сили предводени од САД се потпираа на војската и употребата на сила. Оттука е и важноста на оваа тема која има за цел да ја разработи суштината на примената на воената дипломатија како дел од употребата на сила (војската) како инструмент на државна моќ. Истражувањето треба да покаже зошто и покрај воената доминација на Авганистан и Ирак, глобалната војна против тероризмот сѐ уште трае и е најдолга војна во поновата светска историја. За да го разбереме тоа, истражувањето ќе се фокусира на тоа како и на каков начин се променил тероризмот и што е тоа што го прави специфичен различен од класичниот тероризам. Откако ќе го разбереме процесот на еволуција на тероризмот, а со тоа и современиот тероризам, трудот ќе го анализира пристапот на справувањето со современиот тероризам, односно примената на воената дипломатија како дел од употребата на сила (инструмент на национална – државна моќ). Од оваа анализа треба да произлезе заклучок за недостатоците кои досегашниот пристап во справувањето со тероизмот ги има, воедно, тоа ќе биде основа за давање на препораки на кои во иднина треба да се фокусираат државите.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 09:27
Last Modified: 02 Jul 2014 09:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10358

Actions (login required)

View Item View Item