Музичките изразни средства и нивните особености во вокалната кантата „Псалми“ од композиторот Стојан Стојков

Jankov, Ivana (2013) Музичките изразни средства и нивните особености во вокалната кантата „Псалми“ од композиторот Стојан Стојков. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_magisterski trud.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Низ историскиот тек на музиката, псалмите како духовни песни, молитви претставуваат вонвременски композиции. Тие се застапени во секоја музичка епоха и во себе ја носат духовната содржина во контекст на музичка трансформација која произлегува од музичките стилски периоди. За нивното значајно место говори податокот дека тие се среќаваат во опусите на повеќето големи имиња во историјата на музиката како О. ди Ласо, Ж. де Пре, Ј.С.Бах, Ј.Хајдн, А.Брукнер, сè до современата музика во делата на И.Стравински, З.Кодаљ итн. Во православната духовна музика се јавува само човечкиот глас, без придружба на инструменти. Со тоа оваа музичка форма ја сочувала изворната идеја за псалмите како директно обраќање кон Господ. Проучувањето на најсложениот инструмент - човечкиот глас дополнително нè доближува до темата на магистерскиов труд. Анализата на вокалното т.е. хорско творештво создадено од македонските композитори е од големо значење за развојот на музичката теорија кај нас бидејќи овој творечки жанр во себе носи инспирации од богатата музичка традиција на земјата. Од повеќето македонски композитори кои успешно ја докажуваат својата активност и значење на полето на хорската музика, ние се насочивме кон хорскиот опус на композиторот Стојан Стојков (1941-) конкретно кон неговата вокална кантата „Псалми“ создадена во 2006 год., а изведена во 2007 год. Всушност, „Псалми“ е втората вокална кантата во современото македонско музичко творештво по кантата „Караорман“ (1979), за мешан хор од Томислав Зографски (1934-2000). Истовремено напоменуваме дека композиторот Стојан Стојков е првиот во историјата на македонската музика кој создава духовна вокална кантатa. Нашето истражување го спроведуваме преку воочување и дефинирање на творечките и изразни параметри најзначајни при создавањето на Кантата, како и преку откривање на поврзаноста на духовната музичка традиција со современите начини на музичко изразување. Основната методолошка постапка која ќе биде застапена во овој труд е анализата на музичките изразни средства со цел да се дојде до нивните особености во функционална смисла. Всушност, на тој начин воедно сакаме да го покажеме и композиторовото навраќање кон македонска духовна традиција, т.е. кон духовните музички форми од времето на барокот (според биографијата на композиторот предложена на конкурсот за академици при МАНУ). Нашите заклучоци за музичките параметри ќе бидат поткрепени со нотни примери. Голем дел од информациите ги организиравме тебеларно со цел попрегледно да бидат претставени. Тоа нè доведува до дефинирање на определени решенија кои претставуваат творечки карактеристики за конкретното дело. Истовремено, информациите ги профилиравме и од директното интервју со композиторот, како и од контакти со некои од неговите современици. Од претходно наведено произлезе и структурата на трудот.Трудот е поделен во две глави по кои следува заклучок и користена литература. Во првата глава ја претставуваме историската, културолошката и социјалната позиција на композиторот Стојан Стојков. Потоа следи претставување на општите карактеристики на вокалната кантата „Псалми“. Во втората глава, која го претставува централниот дел од истражувањето, е ставен акцент врз музичките изразни средства и нивните особености во ова дело. Во заклучокот се дефинирани музичките изразни средства вкучително со нивните особености, а на крајот од заклучокот ја дефиниравме и употребната вредност на овој труд. По заклучокот е наведен преглед на користената литература - библиографија, а на самиот крај од трудот се наоѓа прилог во кој се застапени табеларни прикази со кои се претставуваат одредени музички изразни средства и нивните особености. Во прилогот изработивме и каталог на творештво на композиторот Стојан Стојков, во кој се опфатени податоци за исполнителскиот состав и годината на создавање на делата.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 02 Jul 2014 08:41
Last Modified: 02 Jul 2014 08:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10355

Actions (login required)

View Item View Item