Управување со мотивација на персоналот со посебен осврт на Клиничка болница – Штип

Petrova, Marina (2014) Управување со мотивација на персоналот со посебен осврт на Клиничка болница – Штип. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_14042014.pdf

Download (1180Kb) | Preview

Abstract

Мотивацијата како процес кој што се одвива кај човекот отсекогаш била инспирација за многу истражувачи и научници, пред сè поради нејзиното влијание врз многу аспекти од животот. Разбирањето на мотивацијата и мотиваторите кај човекот даваат објаснување зошто постапуваме на одреден начин, го дополнува разбирањето на човечкиот вредносен систем и етичките норми кои ги има, како од националните и културните комбинации, така и од социјално - економските услови во кои живее. Односно, едно пошироко холистичко објаснување за опкружувањето кое што влијае врз човечката динамика и тоа што стои помеѓу човекот и околината како и се она што ги иницира човечките реакции, начинот и нивното изразување во одреден период и во одредена ситуација. Овој труд е обид да се опфатат основните трендови, карактеристики и зависности меѓу појавите откриени во процесот на мотивација за активностите на луѓето и во делот за работното место, со посебен акцент врз мотивацијата на болничкиот персонал во Клиничката болница – Штип. Овде треба да се напомене дека од особена важност за успехот на една организација е квалитетот на човечките ресурси кои што таа успева да ги привлече, развива и задржи. Поради ориентацијата на Македонија кон членството во ЕУ се наметнува потребата од користење методи, средства и техники за обезбедување квалификуван, продуктивен и мотивиран кадар, способен да ги реализира целите на организацијата, но се повеќе се наметнува и потребата од зголемување на ефикасноста во управувањето со човечките ресурси со кои што располага една организација. Во овој труд се посветува внимание и на методите во управувањето кои што се користат од страна на менаџментот и раководните структури. Бројни примери покажуваат дека едноставното копирање на методите не вродува со посакуваниот плод и не ги дава истите ефекти како кај оригиналниот извор, а со тоа да заклучиме дека ефикасноста на еден или друг мотивационен систем во практичната активност во голема мера зависи од 3 управувачките органи и дека мотивацијата претставува основен фактор за ориентацијата на персоналот кон поефективна работа.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: менаџмент, вработени, човечки ресурси, методи, ефикасност
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 14:10
Last Modified: 01 Jul 2014 14:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10345

Actions (login required)

View Item View Item