Менаџирање со набавка и залихи во јавни здравствени институции: Лекови и потрошен медицински материјал во Клиничка болница Штип

Mihailova, Lidija (2013) Менаџирање со набавка и залихи во јавни здравствени институции: Лекови и потрошен медицински материјал во Клиничка болница Штип. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterska.pdf

Download (1903Kb) | Preview

Abstract

Сложеноста на фармацевтскиот сектор налага интензивна теоретска и практична примена на фармацевтскиот менаџмент. Во динамичниот свет, фармацијата позиционирана во широкиот распон меѓу здравството, стопанството и општеството, опфаќа широк корпус на нови знаења, активностии и вештини. Помеѓу производните активности, набавката, дистрибуцијата, промоцијата и непосредната примена на лековите кај пациентите, со големо внимание треба да го рангираат фармацевтскиот менаџмент, маркетингот, фармацевтската здравствена заштита, системот на квалитет на лековите како и професионалните етички фармацевтски кодекси. Фармацевтскиот пазар на Република Македонија, функционира со сите негови компоненти. Истражувањата потврдуваат за неговиот финансиски раст, развој на локалната легислатива и законите на еден повисок степен и поблизок до европскиот здравствен систем. Сепак, во професионалната обука на фармацевтите ретко е вклучено изучувањето на техниките и инструментите на менаџментот, типични за едно производствено и трговско претпријатие, а со менаџирањето со ланецот на снабдување, ќе се даде поголем акцент на ефикасноста и трошковната ефективност. Имајќи предвид дека по личниот доход на вработените, трошоците за набавка со кои менаџира раководителот на Болничка аптека (лекови, потрошен медицински материјал, лабораториски реагенси, рентген материјали, дијализа, остеосинтетски материјали и така натаму) заземаат највисока ставка од буџетот на болницата се наметнува потребата од соодветни познавања на менаџмент фармакоекономија. Болничката фармација е здравствен сервис кој учествува во селектирањето, подготвувањето, чувањето и издавањето на лекови и медицински помагала, советување на здравствените професионалци и пациенти за безбедна, ефикасна и ефективна употреба на лековите. • Болнички фармацевт е професија која се стреми кон континуиран и подобрен менаџмент на лековите како и кон подобрување на фармацевтската грижа на пациентите кон повисоки стандарди во болниците. Менаџерите на болничките аптеки даваат сервиси на пациентите и здравствените професионалци во болниците. Нивната мисија е:да бидат дел од менаџментот на лекови што подразбира целосен пат во кој лековите се селектираат, набавуваат, доставуваат, препишуваат, администрираат и ревидираат за да се оптимизира придонесот на лековите за добивање на саканиот резултат, • Да се подобри безбедноста и квалитетот на сите процеси поврзани со хоспитализираните пациенти, • Да се обезбедат седумте права на пациентите: пациент, доза, начин на апликација, време, лек, информација и документација. Реформите во македонскиот здравствен систем, во полето на фармацијата, развиваат и имплементираат програма која обезбедува еднаквост во пристапот на Есенцијалната листа на лекови, рационална употреба и квалитет на лековите, а со тоа и финансиска заштеда. Утврдување на референтните цени на лековите придонесува за максимална достапност на лековите кај пациентите, со соодветни цени и информации за ефектот на лековите. Сето ова е стручно поддржано од надлежните институции на државата, особено од Бирото за лекови. Настојувањето во овој труд е на колегите - фармацевти, менаџерите на болниците, но и на другите читатели од различни образовни профили да им се долови значењето на она што значи менаџирање со набавка на лекови низ лавиринтот на сложените законски прописи од една страна и здравјето и животот на пациентите, од друга страна, што секако ја прави оваа задача важна, сложена и одговорна.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:44
Last Modified: 05 Aug 2015 07:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10330

Actions (login required)

View Item View Item