Епидемиолошки карактеристики на бруцелозата во Велес и околните населени места за период од 2001 – 2011 година

Tanevska, Jadranka (2013) Епидемиолошки карактеристики на бруцелозата во Велес и околните населени места за период од 2001 – 2011 година. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Епидемиолошки карактеристики на бруцелозата во Велес и околните населени места во периодот од 200.pdf

Download (1411Kb) | Preview

Abstract

Бруцелозата е акутно или хронично инфективно заболување кое го предизвикуваат бактериите од родот Brucella. Бруцелозата претставува типична зооноза, примарно заболување на голем број домашни животни: овци кози, говеда, коњи, свињи, кучиња и др. Под одредени услови болеста од животните се пренесува на луѓето. Кај луѓето бруцелозата се карактеризира со разновидна клиничка слика, што предизвикува тешкотии во поставувањето на дијагнозата. Во Велес и околните населени места во периодот од 2001 до 2011 година пријавени се 205 заболени од бруцелоза. Поголем број од заболените се од руралната средина. Од вкупно 205 заболени од бруцелоза 55 биле од град, додека 105 од заболените биле од село. Најголем број на случаи се регистрирани во с. Г. Јаболчиште вкупно 47, с. Сујаклари 16 и с. Слп 14 заболени. Начинот на заразување во поголем број од случаите е преку контакт со заболени овци и кози и консумирање на млечни производи. Во однос на професијата на заболените значајно е тоа што од оваа болест најмногу заболуваат луѓето кои директно за занимаваат со чување и нега на домашните животни. Од вкупно 205 заболени, 52 биле сточари. Застапеноста на заболените од бруцелоза во Велес и околните населени места по пол е таква што од вкупно 205 заболени, 161 се мажи, додека 44 се жени, што е резултат на поголемата ангажираност на мажите на одредени работни места каде е можна експозиција на бруцелоза. Најголем број на заболени регистрирани се кај возрасната група од 20 – 49 години вкупно 113. И ова се должи на професионалната ангажираност на луѓето на таа возраст.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: Зооноза, рецидиви.
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:46
Last Modified: 01 Jul 2014 12:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10327

Actions (login required)

View Item View Item