Примена на интрааортална балон пумпа кај кардиохируршки пациенти

Bogoevska Miteva, Zaneta (2013) Примена на интрааортална балон пумпа кај кардиохируршки пациенти. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
trud.pdf

Download (1727Kb) | Preview

Abstract

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот: повеќе луѓе умираат годишно од кардиоваскуларни болести (КВБ) отколку од било која друга болест. Се проценува дека 17.5 милиони луѓе во светот умреле од КВБ во 2005 година, што претставува 30 % од вкупната смртност во светот, од нив 7.6 милиони го загубиле животот заради коронарна артериска болест. Преку 80 % од смртните исходи се регистрирани во ниско развиените земји и земјите во развој при што поеднакво се застапени и мажите и жените. До 2015, скоро 20 милиони луѓе ќе го загубат животот од кардиоваскуларни болести, главно до срцеви болести и мозочен удар. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО) при што се очекува КВБ да останат водечка причина за смрт во светот. Во Македонија, според статистичките податоци од Институтот за јавно здравје во 2010 година дури 57% од смртните случаи биле последица на заболувањата на срцето и крвните садови. Застрашувачки е податокот дека со ова заболување се почесто е засегната и помладата популација( под 65 години). Причините за кардиоваскуларните заболувања се утврдени и добро познати. Најзначајни причини за КВБ се: нездравата исхрана, физичката неактивност и пушењето. Ова се т.н. “Модифицирачки фактори” т.е фактори кои можат да се променат. Ефектите од нездравиот начин на исхрана и физичка неактивност може да се манифестираат преку покачен крвен притисок, зголемено ниво на шеќер во крвта, покачени маснотии, прекумерна телесна тежина и гојазност. Главните модифицирачки фактори се одговорни за околу 80% од случаите на коронарна артериска болест. Исто така не помалку важни детерминанти кои го одредуват настанокот на кардиоваскуларните болести се големите придвижувачки сили на социјалните, економските и културните промени во светот – глобализацијата, урбанизацијата и стареењето на популацијата, сиромаштијата и стресот. Со оглед на погоре изнесните факти за кардиоваскуларните болести како водечка причина за смртност во светот и за нивните причини кои се тесно поврзани со начинот на живот, современата медицина напорно работи кон изнаоѓање на начини за справување со овие заболувања. Покрај медикаментозниот третман на кардиоваскуларните заболувања постојат и најсофистицирани медицински апарати - уреди кои го потпомагаат медикаментозниот третман. Интрааорталната балон пумпа(ИАБП) е механички медицински уред кој се употребува при откажување на лево срце, кое неможе да се лекува само со лекарства, и тоа при: - Кардиоген шок - Акутен миокарден инфаркт - Нестабилна ангина пекторис - Механички оштетувања на миокардот (вентрикуларен септален дефект, митрална инсуфициенција, митрална стеноза..) - Вентрикуларни аритмии условени од исхемија - Септичен шок - Одвикнување од машина за вонтелесен крвоток при хируршки интервенции - Подршка до трансплантација - Профилакса кај високо ризични срцеви пациенти, кај кои треба да се изврши хируршки зафат или коронарографија – предоперативна подготовка - После инвазивни коронарни интервенции - стент Со помош на ИАБП се зголемува миокардната оксигенација а во исто време се зголемува и волуменот на крв кој што срцето го испумпува за време од една минута – cardiac output. Зголемениот волумен на крв доведува и до зголемување на коронарниот проток а со тоа се зголемува и дотурот на кислород во миокардот. ИАБП се состои од цилиндричен полиетиленски балон кој, најчесто преку феморалната артерија, се поставува во аортата, околу 2 см. под левата субклавикуларна артерија и контрапулсира, односно, се празни (дефлација) за време на систола а со тоа го намалува притисокот кој се создава на ѕидот на левата комора при систола а се полни (инфлација) за време на дијастола при што го зголемува протокот на крв во коронарните артерии и церебралните крвни садови. Со помош на компјутеризиран механизам балонот се полни со хелиум за време на дијастола. Тригерот односно поттикнувачот за полнење може да биде ЕКГ- то на пациентот или притисокот. При преглед на литературата поврзана со оваа проблематика може да се најдат студии во чиј заклучок стои дека ИАБП е најдобриот третман при откажување на лево срце но истотака постојат и студии кои не ја подржуваат употребата на ИАБП кај пациенти со акутен инфаркт. Целта на овај специјалистички труд е да се анализираат податоците на пациентите кај кои е пласирана ИАБП во Специјалната Болница за Хируршки болести” Филип Втори“ Скопје.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:48
Last Modified: 04 Aug 2015 09:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10323

Actions (login required)

View Item View Item