Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса

Apasiev, Dimitar and Boshkovski, Stefan and Karapanchev, Sasho and Kovachevski, Aleksandar and Mihajlovska, Iva and Mishevski, Igor and Sekuloski, Goran (2011) Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса. Movement for Social Justice – "Lenka", Skopje, Republic of Macedonia. ISBN 978-608-65134-2-9

[img] Text
РАБОТНИ СПОРОВИ - Позитивни примери од судската пракса.pdf

Download (1882Kb)
Official URL: http://www.lenka.mk/mk/pamfleti-i-letoci/69-------...

Abstract

Ова е збирка на случаи на веќе пресудени работнички спорови, добиени од страна на работници-тужители кои се одважиле на и застанат на патот на бескрупулозноста на своите работодавачи. За било кој поединец кој не е правник, додека судот не „пресече“ т.е. не донесе одлука за спорните факти, не постои никаково „право“ за конкретната правна работа. Токму затоа запознавањето со македонската судска пракса односно со прецедентното право за работните спорови е важен и поучен сегмент во борбата на работниците за остварување на своите права. При конципирањето на содржината на книгата е применет тематскиот критериум. Така, сите 31 интервју се поделени на две главни групи, со по уште две споредни подгрупи: Спорови за непарични побарувања (вакви има вкупно девет – пет против јавни, а четири против приватни субјекти) и Спорови за парични побарувања (има вкупно 22 – 10 против јавни, а 12 против приватни субјекти). Во поглед на половата структура, во 21 случај станува збор за работници [мажи], а во 10 случаи за работнички [жени]. Во поглед на временската рамка, најстариот опфатен спор датира од 1994, а најновите од 2010/2011 година. А, пак, во поглед на старосната граница на интервјуираните работници-тужители – највозрасниот, имаше 70 години; а најмладиот беше на 28-годишна возраст. По Воведот, а пред изложувањето на корпусот интервјуа, даден е кус Преглед на македонската регулатива за работните спорови, од сите [материјално-правни и процесно-правни] закони кои ја тангираат оваа проблематика. Кон крајот на книгата, пак, е даден Заклучок во кои се сумирани воочените проблеми до кои се дојде при истражувањето, како и предложените начини за нивно надминување.

Item Type: Book
Additional Information: COBISS.MK-ID 89126922 CIP - 349.2.077.2(497.7)
Uncontrolled Keywords: работни спорови, Закон за работни односи, работници-тужители, суд, пресуда, работнички права
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 16 Nov 2012 10:47
Last Modified: 16 Nov 2012 10:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1031

Actions (login required)

View Item View Item