Рехабилитација на лигаментарните повреди на колено

Parcanov, Dejan (2014) Рехабилитација на лигаментарните повреди на колено. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Конечно-прочистено1 (3) sredeno - Copy - Copy .pdf

Download (1024Kb) | Preview

Abstract

Во денешно време сè почести се повредите на зглобот на коленото. Настануваат кај помладата и постарата популација, машкиот и женскиот пол, а претставуваат последица на динамичниот живот кој, во последно време, го водиме сите. Нема граница на возраст, нема поделба по полови за категоризација. Едноставно, сите можеме да се здобиеме со повреда на колениот зглоб. Нормално е повредите да бидат почести кај спортистите, меѓутоа, во последно време, и луѓето кои не се занимаваат активно со спорт се чести пациенти за рехабилитација. Спортистите се изложени на поголем ризик, посебно професионалните спортисти кои секојдневно тренираат и секојдневно имаат контакти. Фудбалот, кошарката, ракометот, каратето, и многу други спортови во кои преовладува контактот спортист со спортист, се оние кај кои процентуалната застапеност на повредите е најголема. Меѓутоа, не треба да значи дека спортовите во коишто спортистот потешко се доведува до допир со друг спортист се помалку ризични. Напротив, потешки се повредите кои настануваат како резултат на самостојна повреда, односно повреда којашто не е предизвикана од околината, туку од самиот спортист кој со движење кое е несоодветно на природните и нормални физиолошки движења на зглобот на коленото се повредува самиот себеси. Тие повреди знаат и можат да бидат потешки, меѓутоа во спортот ништо не е сигурно и не важи ниедно правило. За разлика од спортистите и луѓето кои не се спортски активни, како професионално така и рекреативно, често се изложени на повреди на коленото. Пример, да земеме обично пешачење при кое ненамерно би дошло до превиткување на потколеницата во однос на натколеницата, дали поради нерамнина, дали поради лоши обувки и слично, и ете ја повредата на зглобот на коленото. Со сево ова сакам да кажам дека не постојат правила и статистики за тоа кој, колку, зошто и како се повредува. Едноставно, сите сме луѓе. Целта на ова мое истражување е следната. Да се намали бројот на повредите кои настануваат, а доколку настанат и се случат, да имаме правилна, брза и соодветна рехабилитација, бидејќи навремената и правилно поставена дијагноза би значела половина рехабилитација. Во истражувањето подеднакво ќе бидат вклучени пациенти од машкиот и од женскиот пол, со различна годишна застапеност, од најмлади па сè до најстари. Рехабилитацијата, односно третманот на повредените ни овозможи нивно побрзо враќање во секојдневните активности, секојдневниот живот и нивно нормално функционирање. Отсуствата од работа ќе се намалат, а со тоа ќе се зголеми и ефектот во нивниот секојдневен живот. Сето тоа би го постигнале преку правилен третман и навремена и точна дијагноза. Со физикалната терапија и користењето на сите нејзини гранки и брза и дијагностички правилна рехабилитација би постигнале резултати со кои секојдневието на луѓето би било сосема поразлично.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: Лигаменти, преден вкрстен лигамент (ACL), заден вкрстен лигамент (PCL), латерален колатерален лигамент (LCL), медијален колатерален лигамент (MCL), возраст, рехабилитација
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:38
Last Modified: 01 Jul 2014 12:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10298

Actions (login required)

View Item View Item