Дијагностика на дијабетес мелитус тип 2 кај обезни пациенти

Nikolovski, Vlatko (2014) Дијагностика на дијабетес мелитус тип 2 кај обезни пациенти. Masters thesis, Goce Delcev University in Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_6.Специјалистички труд -Влатко Николовски (1) lektoriran.pdf

Download (2482Kb) | Preview

Abstract

Дијабетес мелитус, или накратко само дијабетес, е група на метаболни заболувања каде се среќава покачен шеќер - хипергликемија, поради тоа што панкреасот не продуцира доволно инсулин или поради тоа што клетките во организмот не реагираат на инсулинот кој се создава. Класичните симптоми кои се јавуваат како последица на покачениот шеќер во крвта се: полиурија - зголемено мокрење, полидипсија - зголемена потреба за вода и полифагија - зголемено внесување храна. Трите главни типа дијабетес мелитус се: дијабетес мелитус тип 1, дијабетес мелитус тип 2 и гестациски дијабетес. Дијабетес мелитус тип 2 се карактеризира со високо ниво на глукоза во крвта поради инсулинска резистенција и релативна инсулинска дефициенција. Ова е спротивно на дијабетес мелитус тип 1 каде постои апсолутна инсулинска дефициенција која се јавува поради деструкција на β-клетките од островцата на панкреасот или гестацискиот дијабетес каде покаченото ниво на глукоза во крвта е поврзано со бременоста. Се смета дека обезноста е основна причина за појава на тип 2 дијабетесот кај лица кои се генетски предиспонирани кон болеста. Во последните 50 години стапката на тип 2 дијабетес значително се зголеми паралено со обезноста, па така во 2010 година имало околу 285 милиони заболени, за разлика од 1985 година кога имало околу 30 милиони заболени во светот. Високото ниво на глукоза подолгорочно може да предизвика хронични компликации кај пациентите со заболувања како што се: срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетична ретинопатија каде има оштетување на видот, оштетување на бубрезите со потреба за дијализа, слаба циркулација во екстремитетите, која води и до ампутации. Акутната компликација на кетоацидоза, која се појавува кај тип 1 дијабетесот, кај овој тип кома. Светската здравствена организација ја дефинира шеќерната болест или дијабетесот (како тип 1, така и тип 2) како еднократно читање на покачено ниво на глукоза во крвта следено со симптоми, односно, како зголемени вредности во текот на две мерења:  Глукоза во плазмата на гладно ≥ 7.0 mmol/L (126 mg/dL) или  Глукоза во плазмата ≥ 11,1 mmol/L (200 mg/dL), која се утврдува со орален тест за толеранција на глукоза, кој се мери два часа по оптоварување со 75 g глукоза во раствор. Во 2009 година, Меѓународниот експертски комитет во кој беа вклучени претставници од Американската асоцијација за дијабетес (ADA – American Diabetes Association), Интернационалната федерација за дијабетес и Европската асоцијација за проучување на дијабетес препорачаа употреба на гликозилираниот хемоглобин А1c (HbA1c) за дијагностицирање дијабет заедно со останатите лабораториски испитувања кои се правеа до тогаш со праг на вредност на (HbA1c) ≥6,5%. Тип 2 дијабетесот најпрво се контролира со физичка активност и измени во исхраната. Доколку со овие мерки не се намали нивото на глукоза во крвта, тогаш е потребна медикаментозна терапија, како што е метформин или пак давање инсулин. Клучни зборови: обезност, инсулинска резистенција, гликозилиран

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 08:06
Last Modified: 01 Jul 2014 08:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10291

Actions (login required)

View Item View Item