Сензорски мрежи за надгледување и контрола на производство на вино

Martinovska Bande, Cveta and Gicev, Vlado and Kulakov, Andrea and Dimovska, Violeta and Ivanova, Violeta and Bikov, Dusan and Lameski, Petre and Angelkov, Dimitrija and Kocev, Dejan and Anastasov, Dragan (2014) Сензорски мрежи за надгледување и контрола на производство на вино. [Project]

[img]
Preview
Text
Formular_proekt_finalna.pdf

Download (1161Kb) | Preview
Official URL: http://79.99.60.35/Sensor

Abstract

Постојат многу студии за примена на сензорските мрежи во различни области, како полјоделство, следење на животната средина, здравствена заштита, итн. Идеата на овој проект е да се креираат сензорски мрежи за следење на условите во винариите, како и климатските условите при одгледувањето на грозјето. Складираните сензорски податоци може да се анализираат со цел да се открие корелација меѓу надгледуваните параметри од средината и добиениот квалитет на виното. Со примена на техниките за кластерирање, класификација и методите од машинско учење ќе се креира систем кој врз основа на параметрите ќе донесува интелигентни одлуки за одредени активности кои треба да се преземат при одгледувањето на грозјето или при процесот на производство на вино. На пример, податоците од мерењата се важни за донесување на одлуки при одгледувањето на грозјето, како термин за ѓубрење, примена на хемиски средства или наводнување на почвата. Очекуваме дека податоците собрани при користење на системот ќе бидат корисни за производителите на вино и ќе придонесат за подобар квалитет на вината. Како дел од проектот ќе се креира апликација која ќе ги прикажува потребните информации и ќе ги опфаќа основните процеси во винариите. Интерфејсот на апликацијата ќе биде прилагоден на секојдневните активности, со што поголем број на функции во еден прозорец со цел да се оптимизира времето потребно за работа со податоците.

Item Type: Project
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Cveta Martinovska Bande
Date Deposited: 19 Aug 2014 12:41
Last Modified: 19 Aug 2014 12:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10272

Actions (login required)

View Item View Item