Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија (втор дел)

Kamceva, Gordana (2013) Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија (втор дел). Medicus, informativen glasnik na javnoto zdravstvo - Stip, 8 (17). ISSN 1857-5994

[img]
Preview
Image
medicus 2.jpg

Download (8Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
medicus 2.pdf

Download (8Mb) | Preview

Abstract

Мотив за истражување: Основниот мотив за истражување и изработка на трудот е да се подобри свесноста на лекарите за значењето на правилниот избор на третман (со фармакоинвазивна терапија) и оптимизирање на времето до третманот кај пациентите со СТЕМИ, со цел да се намали морталитетот кај ваквите пациенти. Цели на истражувањето: 1. Да утврдиме колку од пациентите со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација добиваат активна реперфузиона терапија (фармаколошка или механичка) според новите препораки од Европското кардиолошко здружение. 2. Да утврдиме какво е влијанието од применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек и исход кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација од источниот дел на Р.Македонија. Методологија на истражувањето: Во истражувањето беа вклучени 543 пациенти со дијагностициран акутен инфаркт на миокардот со СТ-сегмент елевација (СТЕМИ) во период од три години (2008-2010год) за кои постои комплетна медицинска документација, кои потекнуваат од градовите во источниот регион на Р. Македонија (Берово, Виница, Делчево, Радовиш, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Свети Николе и Штип)

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 27 Jun 2014 14:13
Last Modified: 27 Jun 2014 14:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10254

Actions (login required)

View Item View Item