Инвестициско банкарство

Davcev, Ljupco (2013) Инвестициско банкарство. Goce Delcev University, Stip. ISBN 978-608-4708-35-3

[img]
Preview
Text
Инвестициско банкарство Д-р ЉУПЧО ДАВЧЕВ.pdf

Download (929Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/detal.php?id=192&ugd=f4ef...

Abstract

Уште на почетокот мора да се разјасни дека инвестициското банкарство е банкарска активност која не се класифицира како комерцијално банкарство. Комерцијалното банкарство може кратко, но ефикасно, да се дефинира како ”земање на депозити и кредитирање“. Со други зборови, комерцијалните банки, едноставно, позајмуваат пари во форма на депозити и ги даваат на фамилии/физички лица (автомобилен, станбен кредит и сл.) и правни лица (за потребите на финансирање на нови погони, машини, плата на вработените и сл) во форма на кредити. Бидејќи комерцијалните банки најмногу се финансирани преку депозити, понекогаш се нарекуваат и депозитарни институции. Но, се разбира дека комерцијалните банки функционираат покомплексно од ова: банките собираат пари на многу начини (освен депозити), а и типовите на кредити кои ги даваат се многубројни. Сепак, суштината на комерцијалното банкарство е токму во ”земање на депозити и кредитирањето“. Во рамките на банкарството секој дел кој не е опфатен во комерцијалното банкарство, спаѓа во делот на инвестициското банкарство. За разлика од комерцијалното банкарство, инвестициското банкарство опфаќа хетерогена група на активности, кои може да бидат класифицирани во три главни области: 1. Основно или традиционално инвестициско банкарство 2. Тргување и брокерство 3. Управување со средства

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ljupco Davcev
Date Deposited: 27 Jun 2014 13:58
Last Modified: 27 Jun 2014 13:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10238

Actions (login required)

View Item View Item