Анализа на детерминантите на динамиката на македонската економија во контекст на институционалната економија и новата теорија на раст

Lazarov, Darko (2014) Анализа на детерминантите на динамиката на македонската економија во контекст на институционалната економија и новата теорија на раст. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методија" - Скопје.

[img]
Preview
Text
PhD Дарко Лазаров.pdf

Download (297Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
PhD Content Darko Lazarov, PDF.pdf

Download (261Kb) | Preview

Abstract

Докторската дисертација на тема Анализа на детерминантите на динамиката на македонската економија во контекст на институционалната економија и новата теорија на раст, претставува истражување со мултидимензионален карактер. Примарна цел во рамките на ова истражување ќе биде анализа на факторите кои го детерминираат економскиот раст, односно идентификување на факторите кои го ограничуваат растот на македонската економија. Докторската дисертација е систематизирана во следните делови: вовед, осум поглавја систематизирани во два дела, заклучни согледувања и користена литература. Во воведниот дел од трудот, со оглед на комплексноста и широчината на темата, ќе бидe елабориран предметот, целите на истражувањето и научната методологијата која ќе се користи во истражувачкиот процес. Првиот дел од докторската дисертација се однесува на елаборација на теоретскиот пристап на дијагноза и стратегија на растот. Пристапот на дијагноза на растот се базира на идејата дека може да постојат повеќе причини кои генерираат различен број симптоми. Тие симптоми можат да постанат основа за различни дијагнози во чии рамки аналитичарот се обидува да направи разлика помеѓу потенцијалните објаснувања за ограничувањата на економскиот раст. Компаративната анализа овозможува мерење на перформансите на одделни сегементи во економијата важни за економскиот раст и нивно компарирање со Евидентна е фундаменталната разлика помеѓу дијагнозата на раст и теоријата на раст. Предмет на дијагнозата на раст е конкретна земја, додека, предмет на теоријата на раст се генерални економски феномени во кои поединечните земји се третираат како примери. Економските научници и истражувачи го поставуваат прашањето: „Дали некоја варијабла X влијае на стапката на економски раст на некоја земја избрана по случаен избор?“ Варијаблата X може да се однесува на стапката на инфлација, инвестиции во образование, буџетски дефицит и јавен долг или каматна стапка. За разлика од економските истражувачи, економскиот советник го постави прашањето за факторите кои го попречуваат економскиот раст на земјата. Двете прашање не се целосно неповрзани, но, сепак, според својата суштина се разликуваат помеѓу себе. Имено, причините за лошите економски перформанси на земјата вообичаено се хетерогени и детерминирани од извесен број на комплексни интеракции помеѓу различни аспекти чие идентификување бара познавање на специфичните карактеристики својствени за конкретната земјата. Така, додека истражувачите го анализираат влијанието на факторите кои го детерминираат економскиот раст обидувајќи се на тој начин да ја генерализираат интеракцијата помеѓу нив и истата да ја постават на теоретска основа, не е јасно дали земјата која е предмет на анализа е целосно компарабилна, односно доволно репрезентативна. Ендогениот модел на раст базиран на нарушувања и ограничувања и HRV (Hausman, Rodrik и Velasco) моделот на раст претставуваат фундаментална теоретска основа за примена на пристапот на дијагноза на растот (идентификување и адресирање на факторите кои го ограничуваат економскиот раст) и дизајнирање на оперативна рамка за креирање на оптимална стратегија на раст која ќе биде насочена кон елиминирање на адресираните слабости и сегменти кои генерираат најголеми дисторзивни ефекти во процесот на акцелерирање на економскиот раст. Во тој контекст, елаборацијата на овој пристап базиран на HRV моделот на раст е во фокусот на нашето внимание во овој дел од истражувањето. Вториот дел има за цел практично имплементирање на пристапот на дијагноза на растот на македонската економија во насока на објективно идентификување и соодветно адресирање на факторите кои го ограничуваат растот на македонската економија, со цел креирање на оперативна рамка за дизајнирање и имплементирање на стратегија која ќе ги елиминира најдизстрзивните ограничувања кои го поречуваат економскиот раст. Класични техники кои ќе бидат користени во идентификување на ограничувачките фактори на растот се: сметководство на растот, економетрија на растот и меѓународна компаративна анализа. Сметководството на растот овозможува анализа на изворите на економскиот раст т.е. идентификување на анатомијата на растот. Примената на овој пристап може да биде од производствен, потрошувачки или секторски аспект. Оваа техника дава јасна слика за тоа кои производни фактори, елементи на агрегатната побарувачка и сектори имаат најголемо влијание и придонес во генерирање на економскиот раст. Економетријата на раст ги идентификува факторите кои го детерминираат економскиот раст. Оваа техника овозможува да се квантифицира степенот на влијание на одделните фактори кои го детерминираат економскиот раст. Додека, меѓународната компаративна анализа овозможува да се утврди состојбата во одделни сегменти на економијата важни за економскиот раст и истите да се споредат со останатите земји, слични по основ на базичните економски показатели.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 27 Jun 2014 13:14
Last Modified: 21 Oct 2014 13:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10230

Actions (login required)

View Item View Item