Правни, финансиски и маркетинг аспекти на деловното работење

Jovanov, Tamara and Davcev, Ljupco and Conevska, Biljana (2014) Правни, финансиски и маркетинг аспекти на деловното работење. ISBN 978-608-244-047-7.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=305

Abstract

Практикумот со наведениот наслов, изготвен во 83 страници, е синтеза на три значајни области за деловното работење – трговско право, финансии и маркетинг. Во делот кој ја опфаќа областа на правото, цел е да се дадат практични совети и да се укаже на можните ста¬пи¬ци од прବвен аспект при основањето и деловното работење на идните прет¬прие¬мачи. Овој дел прет-ставува преглед на постоечката литература и законската ре¬гу¬ла¬тива од оваа област во Р. Македонија, чие познавање ќе им помогне на идните прет-приемачи за основање и зародиш на една нова и во иднина успешна бизнис при¬казна. Систематизирани се најзначајните де¬лови од постоечката литература кои укажуваат на зна¬ч嬬њето на изборот на фор¬ма на трговско друштво и на тоа кои предности и кои не¬дос¬¬та¬тоци ги има се¬ко¬ја од нив, кои ја објаснуваат про¬цеду¬рата односно, пос¬тап¬ката за упис на дру¬штво¬то во трговскиот регистар. Воедно, целта на овој дел е да ги за¬поз¬нае идните прет-приемачи со законските решенија од оваа област, како и со значењето кое го има¬ат основачките акти за идните трговски друштва, да ја објасни фазата на пред¬друш¬¬тво како и односите кои настануваат во неа по¬ме¬ѓу претприемачите партнери, однос¬но содружници во работењето. На крајот од овој анализирани се договорите како уште еден значаен аспект од деловното ра¬ботење на идните претприемачи. Во делот од областа на финасиите, обајснета е евиденцијата за финансиите и операциите кои се случуваат во една компанија уште од самиот почеток. Прикажани се биланси и записи кои обезбедуваат постојана повратна информација за донесување на одлуки и внатрешна анализа; сметководствените постапки при продажби и трошоци и како се утврдува дали вложените пари создаваат профит. Ваквата анализа овозможува да се протолкуваат важни чекори при вложувањето (дали се создава или се губи во самиот бизнис) и кога компанијата ја достигнува рентабилната точка на работење. Во делот кој се однесува на областа маркетинг се поаѓа од маркетинг истражувањето кое се наоѓа во основата на маркетингот, бидејќи води до неопходни информации. Овие информации се користат да ги идентификуваат и дефинираат маркетиншките можности и проблеми, да ги генерираат, рафинираат и проценат маркетиншките активности, да ги набљудуваат маркетиншките перформанси, да го подобрат разбирањето за маркетингот како процес. Дел од маркетинг истражувањето се бројни активности, од кои во практикумот се опфатени оние кои се директно поврзани со позитивни бизнис перформанси, особено во поглед на зголемен профит, поголем пазарен удел и, уште позначајно – креирање на лојални потрошувачи.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 20 Jun 2014 12:27
Last Modified: 16 Aug 2018 07:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10149

Actions (login required)

View Item View Item