Патишта и крстопати

Mladenoski, Ranko (2005) Патишта и крстопати. Културен живот, XLIX (4). pp. 121-123. ISSN 0047-3731

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Patista i krstopati od Radiceski.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Трудот претставува рецензија (осврт) за книгата „Патишта и крстопати“ од универзитетскиот професор (за жал, сега веќе покоен) Науме Радически издадена во 2004 година од издавачката куќа „Култура“ во Скопје. Станува збор за книга која во 2004 година ја доби книжевната награда „Димитар Митрев“ од Друштвото на писателите на Македонија. „Патишта и крстопати“ е книга составена од книжевно-историски, критички и есеистички трудови коишто се однесуваат на прашања поврзани со јужнословенските книжевности што беше и очекувано затоа што професорот Радически долго време го предаваше предметот Современи јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во трудот се наведуваат четирите дела од кои е составена оваа книга: „Процеси, аспекти, портрети“, „Општи и индивидуални имаголошки позиции“, „Паралелни читања“ и „Критички разгледи и релации“. Во текстовите доминираат прашањата за меѓусебниот однос на македонската и преостанатите јужнословенски книжевности (словенечката, хрватската, српската, црногорската, босанско-херцеговската и бугарската). Така, во книгата се зборува за голем број книжевни дејци од разни национални книжевности, како на пример, Петар Петровиќ Његош, Владимир Назор, Милош Црњански, Иво Андриќ, Бранко Ќопиќ, Алекса Шантиќ, Примож Трубар, Ќамил Сијариќ, Коста Абрашевиќ, Арсени Јовков, Блаже Конески, Христо Смирненски, Ацо Караманов и многу други. На крајот од трудот се заклучува дека оваа книга на Радически покажува дека секоја национална книжевност нужно кореспондира со другите национални книжевности и дека тие контакти на најилустративен начин ја покажуваат универзалноста на книжевното творештво.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 19 Jun 2014 10:40
Last Modified: 19 Jun 2014 10:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10138

Actions (login required)

View Item View Item