Критериуми за избор на атечмени

Zlatanovska, Katerina and Mijajlevska, Marija and Koleva, Ana (2014) Критериуми за избор на атечмени. In: 21ви Меѓународен научен студентски конгрес, 9-11 May 2014, Охрид, Р.Македонија.

[img]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_katerina.zlatanovska_Desktop_Kriteziumi za izbor na atecmeni - poster.pdf

Download (605Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Apstract book Ohrid 2014.PDF - Published Version

Download (25Mb) | Preview
Official URL: http://issuu.com/stomfakskopje/docs/kniga_abs_stud...

Abstract

Цел: Целта на оваа студија е да се испита кои се критериумите при избор и како да се изврши правилна селекција на видот и големината на атечменот, при што ќе се олесни работата на докторот за подобар план на терапија при изработка на современи парцијални протези. Материјали и метод: Повеќе стручни книги кои се наменети за оваа проблематика, како и пребарувања и испитувања по апстракти и најнови студии беа вклучени во текот на ова испитување. Резултати: Не постојат универзални атечмени, односно атечмени за сенаменска употреба. Изборот на правилниот атечмен во современите комплексни протези, ќе зависи од состојбата на забалото и меките ткива кои се различни за секој пациент. Според повеќе автори како и различните типови на атечмени постојат различни мислења за изборот на соодветниот ретенционен елемент со кој би се постигнал солиден терапевстски ефект. Заклучок: Во текот на оваа студија можеме да заклучиме дека изборот на видот на атечмените зависи од повеќе фактори како што се: морфологијата и големината на ретенциониот заб, неговата положба во забната низа, состојбата на забната супстанција, големината на интерденталната папила, начинот на вградување и финансиската состојба на пациентот. Клучни зборови: атечмени, морфологија на заб, димензија на заб.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 20 Jun 2014 11:03
Last Modified: 20 Jun 2014 11:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10125

Actions (login required)

View Item View Item