Влијанието на англискиот јазик врз италијанската лексика во фудбалот

Markoska, Nadica (2014) Влијанието на англискиот јазик врз италијанската лексика во фудбалот. Зборник радова са научног скупа Наука и глобализација, Пале 17-19 мај 2013, 8 (1-1). pp. 393-409. ISSN 978-99938-47-58-8

[img] Text
Nadica Markoska - trud Saraevo.docx

Download (48Kb)
Official URL: http://www.ffuis.edu.ba/media/publikacije/radovi/2...

Abstract

Во последниве децении е забележана силна интернационализација и глобализација во сите сфери на животот: стопанството, науката и техниката, модерната телекомуникација и биотехнологијата, културата и уметноста, спортот и медиумите, забавата и слободното време. Станува збор за процес што соединува и ги глобализира јазиците. Сите овие движења се отсликуваат во составот и содржината на функционалните стилови: вокабуларот се збогатува, настануваат нови поими, бројот на туѓите зборови е во значаен пораст. Иако италијанскиот јазик располага со стручни термини кои се базираат врз лексиката од општиот јазик, потребата за позајмување на нови лексеми во функционалните стилови е сè поголема бидејќи е условена од брзиот развој на науката и техниката. Паралелно со тоа се јавува и стремежот за меѓународна комуникација и помасовно разбирање, што го поттикнува создавањето на интернационализмите. Интернационализмите се зборови или лексеми кои се застапени во повеќе јазици со одредени заеднички семантички и формални признаци. Главни карактеристики на интернационализмите се следните: - семантичка еквивалентност и формална соодветност на лексемите - настапување во одреден, конкретен временски период - еквивалентност како граматичка форма (во поглед на статусот како именка, придавка, глагол). Најголем број од интернационалните зборови се по потекло од латинскиот или старогрчкиот јазик. Во поново време англискиот јазик има централна улога во доставувањето на зборови и изрази. Од почетокот на XX век па сè до крајот на втората светска војна англосаксонската култура го презема водството. Италија била преплавена не само од разни производи и англоамериканска мода и однесување, туку и од зборови за именување на сите овие нешта. Англиските заемки во италијанскиот јазик постоеле и во XVIII и XIX век, но во XX век бројот на овие заемки драстично се зголемил и така англискиот јазик станува единствен јазик кој има најголемо влијание врз италијанската лексика. Англиски заемки се среќаваат во сите области, и тоа: како интегрирани заемки intervista (интервју), како неинтегрирани заемки sport (спорт), golf (голф), match (натпревар), derby (дерби), или како калки calcio d`angolo (корнер). Англискиот јазик има многу големо влијание врз јазикот во фудбалот. Самиот фудбал како спорт се јавува во Англија во втората половина на XIX век, а оттаму е пренесен во Италија од страна на англиските трговци и морнари. Доказ за тоа е и името на првиот италијански фудбалски клуб il Genoa Cricket and Football Club формиран во 1893 година од страна на Англичаните. Некои од англиските термини со тек на време исчезнале, но сепак многу од нив се основа на италијанската фудбалска лексика.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nadica Negrievska
Date Deposited: 11 Aug 2014 12:59
Last Modified: 11 Aug 2014 12:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10117

Actions (login required)

View Item View Item